мини|десно|220п|Станбени објекти во Долно Нерези, 1964 г., подарок од Норвешка по скопскиот земјотрес.

Долно Нерези — скопска населба во западниот дел на Општина Карпош. На југ се граничи со планината Водно, на исток со населбите Жданец, Козле и Тафталиџе 2, на север со Карпош 4, додека на запад со реката Вардар, односно населбите Хром и Влае.

Историја На крајот на XIX век Долно Нерези било село во Скопската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Нерези (Горно, Долно и Средно) живееле 260 Македонци христијани и 300 Арнаути муслимани.

На почетокот на XX век целото христијанско населени на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 во Нерези имало 288 Македонци под егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.114-116.

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Нерези како мешано македонско-албанско село.Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.

Опшествени установи Црква „Св. Пантелејмон“ — единствената црква во населбата; Џамија

Културни знаменитости Долно Нерези — археолошко наоѓалиште од римско време каде се најдени две латински плочи, од кои едната посветена божицата Деја Сирија (Атаргатис)

Демографија Според пописот од 2002 година Долно Нерези било попишано со Средно Нерези и заедно имале 12 418 жители.

Народност Вкупно Македонци 10 288 Албанци 1 353 Турци 93 Роми 19 Власи 58 Срби 378 Бошњаци 14 други 217

Поврзано Средно Нерези

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Населби и маала во Скопје Категорија:Водно