Вулканот Фуего („Огнениот вулкан“) — активен вулкан на територијата на Гватемала, кој граничи со областите Чималтенанго, Сакатепеге и Есквинтла. Се наоѓа на околу 16 км (9,9 милји) западно од Антигва, главниот град на Гватемала кој е еден од најубавите градови во државата и познато туристичко одредиште. Вулканот редовно еруптира уште од шпанската колонизација на Средна Америка.
Геологија
Како и другите вулкани од планинскиот венец Сиера Мадре де Чијапас, вулканот Фуего се простира во правецот на тренд линијата запад-север-запад (ЗСЗ) на јужниот раб на појасот на терциерните вулкански карпи кои ги сочинуваат висорамнините на Гватемала. Топографијата на овој терциерен појас е многу нерегуларна, а вулканот Фуего е изграден на истата неправилна топографија. Терциерните карпи вклучуваат лавански текови и лахарски изливи, и веројатно претставуваат ерозивни остатоци од вулкани кои потекнуваат од миоцен па сè до кватернерниот период.Доцна терцијарна вулканска стратиграфија во северниот дел на Средна Америка. (Рејнолдс) Старите вулкански остатоци го поткрепуваат современиот конусен врв на вулканот Фуего и претставуваат топографски пречки на сите наноси предизвикани од гравитацијата. До вулканот Фуего на југ, се наоѓа уште еден млад вулкан, Акатенанго. Двата сочинуваат спарен вулкан, што е честа појава во северниот дел на Средна Америка.Заеднички одлики на спарени вулкани во северниот дел на Средна Америка. (Халсо и Роуз) Кога избувнале лава, сепак биле забележани разлики кај композицијата, и кај составот на лавата. Повеќето лава која избувнала од вулканот Акатенанго биле андезити, додека кај Фуего кој неодамна избувнал лавата по состав била базалтна. Вулканот Акатенанго има многу пониско ниво на активност. Тренд линијата (С) која се провлекува помеѓу Акатенанго и Фуего, исто така, ги опфаќа позициите на двата помали отвори Јепокапа и Месета. Месета претставува постар, делумно еродиран, пропаднат отвор кој се наоѓа на север од вулканот Фуего. Во состав е високо андезитичен.Геохемија и еволуција на вулканскиот комплекс Фуего, Гватемала. (Чеснер и Роуз)
Вулканот Фуeго се наоѓа во ЗСЗ-тренд-кватернерниот вулкански синџир. Средноамериканскиот ров е паралелен со вулканскиот синџир и се протега околу 100 километри движејќи се на југ. Појас од плитки и средни во длабочина земјотреси се случуваат помеѓу ровот и вулкасниот синџир. Тектонската поставка е толкувана како конвергирана гранична плочаТектоника на Карибите и средноамериканските региони од фокални механизми и сеизмичност. (Молнар и Сајкс), на која Кокоската Плоча ја поткопува Карипската Плоча под вулканскиот синџир. Зоната на подвлекување и вулканскиот синџир се поделени на сегменти врз основа на вулканските специфични црти и сеизмичност.Кватернарна вулканска и тектонска сегментација на Средна Америка. (Штојбер и Кар) Вулканот Фуего лежи во централниот сегмент на вулканскиот појас Сиера Мадре, кој се протега од вулканот Санта Марија па сè до вулканот Пакаја. Се состои од четири отвори кои ја формираат 5 километри долгата север-југ-тренд линија. Секој од отворите има формирано конусен врв на гребените од северната до јужната страна. Движејќи се од север накај југ овие врвови се: Јепокапа (3880 м), Акатенанго (3976 м), Месета (~3600 м) и Фуего (3763 м). Материјалот кој избувнал од четирите отвори всушност го формирал овој коалесцентен стратовулкански комплекс, издолжен од север накај југ. Речиси сите позначајни историски активности на оваа група на вулкани се случиле во Фуего.
Структура Фуего е базалтски стратовулкан, изграден на исклучително неправилна вулканска површина. Сместен во централниот дел, со својата постојана активност ги припојува помалите помалку активни вулкани кои се наоѓаат на неговата северната страна. Веднаш на север е високиот, делумно пропаднат, конусен остаток од некогашен вулкан наречен Месета. Кога колабирал овој некогашен вулкан како последица е формирана лавината од остатоци која го погодила блискиот град Есквинтла. Понатаму на север се наоѓа вулканот Акатенанго кој е андезитски стратовулкан кој имал ерупции во историјата и е многу постар од самиот Фуего. Вулканите Акатенанго и Фуего се сметаат за спарени вулкани, како и неколку други низ Средна Америка.
Четири тесно распоредени вулкански отвори долж пукнатината ги сочинуваат вулканските центри Фуего и Акатенанго во западна Гватемала. Комплексот Фуего е составен од вулканските отвори Фуего и Месета меѓутоа според историската активност, избувнатите материјали се исклучиво составени од висока концентрација на алумуниум оксид Al2O3 и базалт и се излезени од отворот Фуего. Отворот Месета е неактивен и е пред распаѓање. Праисториските лави кои течеле од Фуего и Месета биле во поголем дел силикатски, за разлика од историските лави на Фуего, меѓутоа сите заедно формирале едиснтвен кохерентен геохемиско варијабилен модел.
Ерупцијата во 1974 година произвела базалт со висока концентрација на алумуниум оксид Al2O3, фенокристали на плагиоклаза, аугит, магнетит, и оксихорнбленде. Споредувањата на четирите еруптивни фази покажале дека просечното ниво на големната на кристалите и нивниот број се зголемуваат. На пример содржината на оливин прогресивно се зголемувала од (3.6% до 12.6% од вкупниот минерален волумен), додека плагиоклазата се зголемила (од 21 на 31 см3). Најниските вредности биле за време на средните еруптивни фази. Вкупните варијации во содржината на кристалите и променливоста на фенокристалната пропорција толкувана е како зонирање на магма телото како единка. Оливинските кристали се од посебно значење затоа што се релативно непропусни домаќини. Тие според кристалниот хабитус се од субхедрални до еухедрални и имаат апсорбирано површини долж своите маргини исполнети со магнетит, земја или изгасено стакло.Откопување на подрачјето по ерупцијата кај вулканот Фуего (Гватемала) од 1974 година со мали кристали и нивните млади топилни подмножества. (Рогенсак)
Конусниот врв на Фуего се состои од 50 км3 базалт богат со алумуниум оксид - Al2O3. Од 1932 година па до денес, од отворот Фуего, има избувнато околу 0,7 км3 базалт. Стапката на ерупција и мафичната содржина на базалтот се имаат зголемено со годините. Денес Фуего е класифициран како активен вулкан кој моментално е во затишје.Модели на однесување на вулканот Фуего, Гватемала. (Мартин и Роуз)
Старост Под претпоставка дека максималното време е 170 години помеѓу кластерите од историска активност, земен е тој временски период за да го претставува времето за пресметување на веројатноста низ историските пресметувања на староста на вулканот Фуего. Ако се земе предвид дека отворот Месета избувнал прв, експлодираниот дел претставува приближно 25% од неговата историја. Избирање на четири текови на лава како просек за секоја серија и броење на приближно педесет текови на лава во изложениот дел, се пресметува дека вулканскиот отвор Месета е стар приближно 8500 години. Се чини дека Фуего има сличен обем на оној што Месета го имал, со што се заклучува дека и тој е стар околу 8500 години. Со комбинирање на овие години се добива дека комплексот Фуего е стар минимум 17,000 години. </div>
Еруптивна историја
Фуего е еден од најактивните вулкани во светот со повеќе од 60 историски ерупции во текот на 500 регистрирани години. Постои тенденција да се појават ерупции во кластери, додека веројатноста за ерупција опаѓа од 0.02 на 0,01 по 6 години на затишје.Базалтската тефра од вулканот Фуего, октомври 1974 година: Опис и историја на магма телото. (Роуз, Андерсон, Вудраф и Бонис) Еруптивни кластери се случуваат во интервали од 80-170 години и траат од 20-70 години. Најновиот бран на еруптивни процеси започнал 1932 и трае сè до денес и вклучува повеќе од 30 поединечни настани. Се смета дека Фуего е вулкан кој предупредува и по него се следат еруптивните активности на сите вулкани во околината. Специфичниот временскиот период во кој се случуваат ерупциите е под влијание на лизгање на земјиштето и плагиоклазниот кристал кој се наоѓа во лавата која тече од Фуего и има обрасци на осцилаторно зонирање кои се одразуваат на лизгањето на земјиштето.Веројатни врски меѓу зонирањето на плагиоклаза и динамиката на магмата кај Вулканот Фуего, Гватемала. (Андерсон) Повеќето од историските ерупции на Фуего се случиле приближно во месеците февруари или септември. Причината за ова сè уште не е позната.
Ерупциите на Фуего се вертикални експлозии исфрлени од неговиот врв. Ниту еден страничен отвор не е јасно дефиниран, и не постои евиденција за странична активност во историјата. Ерупциите се рангирани според показател на вулканска избувност 2 или 3Свет на вулканите. (Сиберт, Симкин и Кимберли) и вообичаено вклучуваат вжештена лавина која потекува од пукнатините на конусниот врв. Поголемите вертикални експлозии резултираат со широко распространета пепелна завеса. Ерупциите се делат на поголеми ерупции кои траат само неколку часа, и на помали кои се со подолг период и можат да продолжат да еруптираат со денови.
Во 1974 година се случила една од најголемите ерупции на вулканот Фуего по ерупцијата од 1932 година. Оваа ерупција започнала на 10 октомври во 4:00 часот со мали ерупции на пепел од врвот на кратерот. Следеле четири различни епизоди на исфрлање на базалтен воздух проследен со исфрлање на пепел. Ерупцијата во голема мера се намалила во интензитет по 23 октомври, и до 4 декември чадот од централниот кратер бил помал од 1,5 километри во височина и речиси без пепел.Емисија на SO2 по ерупцијата на вулканот Фуего 1974 година.(Крафорд) Ерупцијата од 1974 година предизвикала значително зголемување на стратосферните честички во северната полутопкаСтратосферскa магла со прав, настан од ноември 1974 година. (Мајнл и Мајнл) а најверојатно и во јужната.
Максималната просечна стапка на екструзија на магма без празнина за време на ерупцијата е 4x10 ^ 9 см3 / с. Пепелната завеса произведена во најинтензивниот пулс изнесувала околу 0,04 км3 и била генерирана за помалку од три часа. Активирањето на Фуего во 1974 година се совпаднало со минимумот на месечево-сончевито плиматско забрзување. Првиот голем пулс на еруптивната секвенца започнал за време на максималниот опсег на забрзувањето на плимата и се совпаднал со месечево-сончевито плиматско забрзување. Секој од другите главни импулси на ерупцијата, исто така, започнал во рок од два часа од плиматскиот минимум.
Од септември 1977 година, до средината на 1979 година, Фуего бил во стабилна состојба со релативно ниско ниво на активност која се состоела од речиси секојдневна емисија на пареа и облаци со пепел. Спротивно на тоа, Фуего имал секојдневни кратки ерупции (од неколку часа до неколку дена) секоја година од 1944 година до денес. Вулкаснките ерупции се одликуваат со експолозивни исфрлања на нова лава, обично блескава поради загревањето, меѓутоа премногу вискозна за да се заобиколуваат исфрлените делови помеѓу себе. Големи количини на пепел (до 10 ^ 8 м3 за едно исфрлање) се произведуваат за време на вулканската активност придружни со текови на пепел.Вулканска пепел што се топи под услови релевантни за интеракциите на пепелната турбина. (Сонг, Лавали, Хес, Кајперс, Цимарели и Дингвел)
Се смета дека има 5 состојби на еруптивните активности на Фуего: 1) долго затишје, како што се 52 години пред ерупцијата од 1932; 2) голема ерупција, како што е онаа во октомври 1974 година; 3) средно затишје со мали повремени активности како што се 4-те години пред ерупцијата од 1971 година; 4) ерупција од среден интензитет, како што е ерупцијата од 21 ноември 1978 година; и 5) стабилна состојба со многу ниско ниво на активност како што е состојбата од септември 1977 година до средината на 1979 година.
Ерупцијата од 1974 year Ерупцијата на стратовулканот Фуего која се случила на 15 октомври 1974 година се поврзува со серија на значајни настани и дејствија во околните области Чималтенанго, Сакатепеге, Есквинтла и Реталулеу во Гватемала. Економските штети биле огромни за населението зато што вулканот ги уништил нивните главни извори на приходи, плантажите на кафе и сусам.
Еруптивен циклус