Иван Антонов Прилепчански (, – , ) — македонски микробиолог и партизан. Тој е еден од основачите на Црвениот Крст за Македонија, на Македонското лекарско друштво и Секцијата на превентивците на Македонија.„Прилепчански, Иван Андонов“, МЕ, 1224.

Животопис Прилепчански е роден во Штип на 30 декември 1905 година, во семејство на прилепчани. Медицина завршил во Грац, Австрија во 1935 година, а работел во Прилеп до 1940 година и Штип, од каде што им се приклучил на партизаните за време на НОБ. Од 1945 година бил во Штип. По војната бил назначен за помошник министер за здравство на НРМ. Во периодот од 1948 до 1951 година бил директор на Домот за народно здравје во Скопје. Специјализирал бактериологија и до пензионирањето во 1968 година работел во Заводот за здравствена заштита. Починал во Скопје на 8 април 1985 година.Верица Јосимовска, БОЛНИЧКО-ПРЕВЕНТИВНИ УСТАНОВИ ВО ВАРДАРСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ПОД БУГАРСКА УПРАВНА ВЛАСТ (1941 – 1944)

Наводи

Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски микробиолози Категорија:Македонски бактериолози Категорија:Луѓе од Прилеп