Ерцен () — слободна општина во округот Хамелн-Пирмонт, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа 10 километри југозападно од Хамелн и 7 километри северно од Бад Пирмонт.

Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.

Географија Местоположба

Се наоѓа во Везерското Средногорје, околу десет километри југозападно од Хамелн и околу седум километри северно од Бад Пирмонт. Низ местото течат Хуме и Грисебах, кој се влева во Хуме.

Соседни општини

Соседни градови и општини се Хесиш Олдендорф, Хамелн, Емертал, Бад Пирмонт (сите во Долна Саксонија), како и Барнтруп и Екстертал (во покраината Северна Рајна-Вестфалија).

Општински единици

Општината е составено од средишното место Ерцен и единиците Демке, Демкерброк, Еге, Гелерзен, Грисем, Грос Беркел, Групенхаген, Херкендорф, Кенигсферде, Мултхепен, Реер, Рајне, Рајнербек и Зелксен.

Стопанство

Еден од најголемите работодавци во областа е „Ерценер Машиненфабрик“, произведувач за компресори. Во 2008 година вработувал 1000 лица.

Личности Август Хајсмајер (1897-1979) — генерал во СС

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Хамелн-Пирмонт