Тромбоцит-активирачки фактор е потентен фосфолипиден активатор и медијатор на многу леукоцитни функции, тромбоцитна агрегација и дегранулација, инфламација, и анафилакса.

Се создава во различни клетки, но особено во оние кои се вклучени во одбраната на домаќинот, како што се тромбоцитите, ендотелните клетки, неутрофилите, моноцитите, и макрофагите. PAF континуирано се произведува во овие клетки но во мали количини и продукцијата е контролирана од активноста на PAF ацетилхидролазите. Се произведува во поголеми количини од страна на инфламаторните клетки како одговор на специфични стимули.

Наводи

Категорија:Фосфолипиди Категорија:Хематологија