Саат-кула — саат-кула во Струга. Таа се наоѓала кај сегашната пошта. Била во скромни димензии: 4 х 4 м. висока (со чатија) 6 м. Од четирите страни имала полукружни прозори. И влезната врата била исто така полукружна. Ќошовите на ѕидовите биле од делкан бигор.
Саат кулата во Струга се наоѓала покрај Мустафа Челеби џамијата на десниот брег од реката Дрим. Имала рустичен изглед поради дрвената конструкција од хоризонтално поставени балвани над камениот долен дел од градбата. Не е познато кога е изградена, била урната во зимата на 1944/45 година.
Наводи
Категорија:Згради и градби во Струга Струга Категорија:Саат-кули во Македонија