Акваман (англиски: Aquaman) — измислен суперхерој што се појавува во американските стрипови објавени од страна на DC Comics. Создаден од страна на Пол Норис и Морт Вејсингер, ликот дебитирал во Повеќе забавани стрипови #73 (ноември 1941 година). Во текот на доцните 1950-ти и 1960-ти години суперхерој-преродбата започнала и била позната како сребреното време, а Аквамен бил основен член на Лигата на правдата. Во 1990-тите писателите го претставуваат карактерот посериозно.
Појавувањето на Аквамен во анимираниот свет во 1960-тите, остави голем впечаток врз публиката, што го направи Акваман многу познат и ценет во популарната култура. Модерните стрипови го претставуваат како поопасен владетел на Атлантида.Aquaman vol. 7 #1 (November 2011) DC Comics
Аквамен бил вклучен во неколку адаптации, прво се појавува во анимираната форма во 1967 година. Од тогаш тој се има појавено во различни анимирани продукции, вклучувајќи истакната улога во 2000-тите серија Лига на правдата неограничени и Бетмен: Храбриот и смелиот, како и неколку Ди-си анимирани оригинални филмови.
Првата приказна за потеклото на Аквамен била претставена во Позабавни стрипови #73 (Ноември 1941) раскажано од самиот карактер.
Наводи
Надворешни врски Неофицијална страница на Аквамен AquamanTV Индекс на авантурите на Аквамен
Категорија:Суперхерои на DC Comics