Во Европските легенди, базилискот (грчки βασιλίσκος basilískos, "мал кралот"; латински: regulus) е легендарен влекач познат како Цар на влекачите и се верува дека можел да предизвика смрт само со неговиот поглед.
Според Натуралната Историја на Плиниј Постариот, базилискот од Кирена е мала змија, не подолга од 12 прсти,Pliny, viii.33. што е многу отровна. Некои легнди велат дека единствената слабост на базилискот е миризба на ласица. Можно е легендата за базилискот и нејзината поврзаност со ласицата во Европа да била инспирирана од азиските змии и нивниот природен грабливец, Мунгосот.
Записи Базилискот се нарекува "цар", поради тоа што се вика дека имал митра на главата, или круна. Приказните за базилискот покажуваат дека не се разликува многу од кокатрисот. Се мисли дека базилискот се веде од јајцето на влекач или жаба, а е ведено од страна на кокатрис. Во Средновековна Европа, описите на суштеството не се многу различни од тие на кокатрисот.
Еден од најраните записи за базилискот доаѓа од Натурална Историја, напишана од Плиниј Постариот во од прилика 79 години пред нашата ера.
Исидоре од Севиља, го дефинирал базилискот како крал на влекачите, поради тоа што наводно имал отровен здив и поглед што убива.
Презвитер Теофил дал голема рецепта во неговата книга за претворање на бакар во „шпанско злато“. Рецептата се состоела од комбинирање на крв од базилиск во форма на прав, крв од човек во форма на прав, црвен бакар, и специјален вид на оцет.
Албертус Магнус во неговата книга пишувал за убиствениот поглед на базилискот, но ги негирал другите легенди.
Базилискот како мотив во уметноста „Обеликс и базилиск“ — краток расказ на македонскиот писател Пандалф Вулкански.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 158.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Базилиск Варшавски базилиск Митски суштества: базилиск
Категорија:Старогрчки митски суштества Категорија:Чудовишта Категорија:Митски змии