Тројца насилници (англиски: Three Violent People) - американски филм од 1956 година, во режија на Рудолф Мате , по сценариото на Џејмс Едвард Грант и Леонард Праскинс. Главните улоги ги толкуваат: Чарлтон Хестон, Ен Бакстер и Гилберт Роланд.
Синопсис По завршувањето на Граѓанската војна во САД, Колт Сандерс (го игра Хестон), поранешен офицер во конфедерациската армија, се враќа на својот имот во Тексас, но него сакаат да го присвојат корумпираните Харисон и Кејбл, доселеници со политички амбиции. Меѓутоа, Колт е подготвен да се бори за својот имот...
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1956 година Категорија:Вестерни Категорија:Филмови со Чарлтон Хестон Категорија:Филмови со Ен Бакстер Категорија:Филмови со Гилберт Роланд Категорија:Филмови од 1957 година