Блур (англ. Blur) ― англиска рок-група основана во Лондон во 1988 година. Групата се состои од: пејачот Дејмон Албарн, басистот Алекс Џејмс, гитаристот Греам Коксон, и тапанарот Дејв Роунтри. Нивниот прв албум, Leisure (1991) содржел елементи на медчестер и шугејзинг. Под влијание на англиските гитарски поп-групи како: Кинкс, Битлси, и ХТС, групата Блур го променила музичкиот стил и ги објавиле албумите Modern Life Is Rubbish (1993), Parklife (1994) и The Great Escape (1995). Како резултат на тоа, групата помогнала во популаризирање на Бритпоп жанрот и стекнале масовна популарност во Обединетото Кралство, а популарноста била потпомогната од медиумите кои известувале за битката на топ-листите со соперничката група Оазис во 1995 година наречена „Бритпоп-битка“.
Нивниот следен албум, Блур (1997), бил пропратен со уште една стилска промена и бил под влијание на лоу-фај стилот на американските инди-рок групи. Албумот ја содржел песната „Song 2“ со која групата се здобила со популарност и во САД. Нивниот следен албум, 13 (1999), содржел електронски и арт-рок елементи и поинтимни стихови од Албарн и Коксон. Во мај 2002, Коксон го напушти бендот додека го правеа нивниот седми албум Think Tank (2003). После турнејата во 2003 без Коксон, групата се распаднала и паузирала неколку години, а членовите биле вклучени во други проекти.
Во 2009 година Блур се обединиле, Коксон се вратил во групата и биле на повторна европска турнеја. Следните години издале неколку синглови и компилации и биле на меѓународна турнеја. Во 2012 година, Блур добиле британска музичка награда за исклучителен придонес во музиката. Нивниот осми албум, The Magic Whip (2015), бил нивен прв студиски албум по дванаесет години и нивен шести последователен албум кој се искачил на врвот на британската топ-листа за албуми. По турнејата под наслов Magic Whip, Blur заминале на пауза која траела до објавувањето на нивниот деветти албум, The Ballad of Darren (2023).
Членови на групата
Дејмон Албарн – водечки пејач, клавијатури, гитара (1988–2003, 2009–2015, 2023–сега) Греам Коксон – гитара, придружни и водечки вокал, саксофон (1988–2002, 2009–2015, 2023–сега) Алекс Џејмс – бас, придружен вокал (1988–2003, 2009–2015, 2023–сега) Дејв Роунтри – тапани, перкусии, придружни вокали (1988–2003, 2009–2015, 2023–сега)
Дискографија Студиски албуми
Leisure (1991) Modern Life Is Rubbish (1993) Parklife (1994) The Great Escape (1995) Blur (1997) 13 (1999) Think Tank (2003) The Magic Whip (2015) The Ballad of Darren (2023)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Англиски музички групи Категорија:Добитници на NME награда Категорија:Музички групи основани во 1988 година Категорија:Добитници на наградата „Ајвор Новело“ Категорија:Добитници на MTV Europe музички награди Категорија:Добитници на Британски музички награди Категорија:Англиски алтернативни рок-групи Категорија:Музички групи од Лондон Категорија:Бритпоп-групи Категорија:Англиски денс-рок групи Категорија:Англиски инди-рок групи