Артичока () — хранливо растение од демејството на главоцветните. Артичоките потекнуваат од Средоземјето и како растение се одгледува за прехрана и во медицински цели, бидејќи од сушените листови и делови од стеблото се прави чај. Младите главички се користат во исхраната, така што се варат и се јадат како зеленчук со различни сосови, а од сувата артичока може да се прави супа.

Името Артичока доаѓа од арапскиот збор ardi-shoki. Се смета дека потекнува од Јужна Европа и Средоземјето, иако вистинското место му е непознато. Одгледувана е уште во Стара Грција, и е преземена од Римјаните. Во исламскиот свет се одгледувала во Магреб. Распространета е по Австралија, САД, Средна Америка, Јужна Америка, Јужна Африка. Најчестиот светски производител е Италија.

Артичоките спаѓаат во редот на зеленчуци со најголема количина на антиоксиданси, и можат да помагнат при дигестија, јакнење на функцијата на црниот дроб и јакнење на функцијата на жолчната кеса.

Надворешни врски

Категорија:Чички (племе) Категорија:Зеленчук Категорија:Лековити растенија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј