Реч — историско село во областа Река, северозападна Македонија, денес во атарот на с. Бродец, Општина Гостивар. Жителите биле Македоци-Шкрети од православна и исламска вероисповед, заведувани како „Албанци“.

Географија Селото се наоѓало во областа Горна Река, во подножјето на Кораб по горното течение на Радика, меѓу остатоците на селата Штировица и Стрезимир.

Историја Во XIX век Реч е заведено како мешано христијанско-муслиманско „албанско“ (впрочем македонско) село во Реканската Каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Реч се води како село со 30 домаќинства, чии жители се 93 православни „Албанци“.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 174-175.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 150 жители „Арнаути“ христијани и 140 „Арнаути“ муслимани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 264.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рече (Река) се води како чисто „албанско“ село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската Каза на Дебарскиот Санџак со 28 куќи.

Според цариградскиот митрополит Поликарп Дебарски и Велешки во 1904 г. Реч имал 12 „српски“ куќиЗаписник на митрополитот Поликарп, 25 февруари 1904 г., иако ова несомнено е пропаганда. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Реч (Retch) се состоело од 72 „Албанци“.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 184-185.

Поврзано Баратица Горна Река Стрезимирска Планина

Наводи

Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Македонци муслимани Категорија:Бродец (Гостиварско)