Старословенскиот јазик бил изразито синтетичен јазик, односно имал развиена падежна промена. Се разликувале седум падежи: номинатив-N., генитив-G., датив-D., акузатив-A., вокатив-V., инструментал-I. и локатив-L.. Номинативот и вокативот се нарекуваат прави или независни падежи, додека останатите коси или зависни.
За разлика од состојбата во повеќето современи словенски јазици, во старословенскиот постоеле три броја: еднина (сингулар), двоина (дуал) и множина (плурал). Јасна е употребата на еднината и множината; двоината се употребувала кога се именувеле две нешта. Нејзината употреба била задолжителна и постоеле нејзини форми за сите менливи категории. Таа се употребувала и со сложенки од бројот два, како на пример со броевите 12, 22, 32 или 102. Од современите словенски јазици ја задржале само словенечкиот и лужичкосрпскиот јазик, а остатоци се среќаваат и во македонскиот; така, множинските форми: раце, нозе, очи и уши се всушност стари двоински форми кои ја потиснале соодветната множинска форма (таа е зачувана во дијалекти форми, на пр. руки, ноги). Покрај ваквите форми, формите на избројаната множина исто така се остаток од старата двоина: еден клуч, два клуча, многу клучеви.
Промени на именките Имало повеќе парадигми (начини) на падежни промени на именките, и тоа според основата, а не според родот, иако речиси сите парадигми покажувале наклоност кон одреден род (родови). Сите падежи имале форми за трите броја: еднина, двоина и множина. Некои од парадигмите веќе излегувале од употреба во времето на зачетоците на словенскта писменост, за сметка на други кои се наметнувале како поедноставни. Иако, општо, секоја парадигма е посебна, сите покажуваат неколку заеднички одлики: именките од машки и среден род секогаш имаат завршеток во инструментал еднина -мь (=-mĭ), а оние од женски род - (=-j); именките од среден род имаат формално еднаков номинатив, акузатив и вокатив во сите три броја, а во множина го имаат завршетокот -a; генитивот множина кај сите три рода е -ъ (=-ŭ) или -ь (=-ĭ); дативот множина кај сите три рода го има завршетокот -мъ (=-mŭ); во двоина се разликуваат само три форми (наместо седум): една за номинатив, акузатив и вокатив, втора за генитив и локатив и трета за датив и инструментал. Генитив и локатив двоина за сите три рода имаат завршеток - (=-u), а датив и инструментал завтшеток -ма. Останатите форми се начелно различни.
О/ЈО и А/ЈА промена Најзастапени биле О-промената и ЈО-промената (исто именувани како тврда О- и мека О-промена соодветно) за машки и среден род и А-промената и ЈА-промената (исто иманувани како тврда А- и мека А-промена соодветно) за женски род.
Прво ќе ја илустрираме промената според О-основата. Именките од машки род коишто се менуваат според овааа парадигма завршуваат на -ъ пред кое стои тврда согласка. Такви се на пример именките: богъ (бог), дргъ (другар), врагъ (ѓавол), чловкъ (човек), народъ (народ), сънъ (сон), градъ (град). Промената на градъ и чловкъ е следнава:
center|О-промена, машки род
Важна напомена околу оваа промена треба да се даде околу формата на акузативот еднина. Така, ако именката означува нешто живо (одушевено) тогаш акузативот е формално еднаков со генитивот еднина (пример: чловка), а доколку именката означува нешто неживо неодушевено), тогаш акузативот е еднаков со номинативот еднина (пример: градъ). Исто така редовно се врши првата палатализација: чловче (V. еднина), чловц (L. еднина), чловцхъ (L. множина), чловци (N., V. множина)
Именките од среден род кои ѝ припаѓаат на оваа промена завршуваат на -о. Такви се: мсто (место), вко (клепка), село (село), иго (јарем), тро (утро), дло (дело). Промената на мсто и вко е следнава:
center|О-промена, среден род
Како што нагласивме за формите од среден род, така и тука, формите за номинативот, акузативот и вокативот во сите три броја е формално еднакви. Исто така и тука се врши првата палатализација на заднонепчените согласки (вц, вцхъ итн.).
Промената според ЈО-основата или меката О-основа ја имаат и именките од машки и именкте од среден род. Именките од машки род коишто припаѓаат на оваа промена завршуваат на-ь пред кое стои мека согласка (или група согласки) или пак завршуваат на и; такви се: мжь (маж), старьць (старец), конь (коњ), краи (крај, област, околина), бои (бој, борба), змии (змија). Именките пак од среден род завршуваат на -е, како: море (читај: морје; море), поле (читај: полје; поле), трьжиште (пазар), срьдьце (срце); посебна подгрупа претставуваат глаголските именки на -ние или -нь, како: сътворение (суштество), движение (движење), чловколюбьствие (човекољубие), знань (знаење, наука). Парадигмата на мжь и змии е следнава:
center|JО-промена, машки род
Напомена: Unicode нема соодветна графема за прејотирано а кое може да се запише како ıа, додека во модерните источнословенски азбуки и бугарската азбука се користи графемата я.
Соодветно се менуваат именките од среден род. Парадигмата на срьдьце е следнава:
center|ЈО-промена, среден род
Промена според А-основата или тврдата А-основа имаат главно именки од женски род коишто завршуваат на -а пред кое стои тврда согласка. Такви се: нога (нога), рка (рака), жена (жена), ръıба (риба), вода (вода), брада (брада). Мал број именки од машки род исто така се менуваат според оваа промена: владъıка (владетел), слга (слуга), сотона (сатана, ѓавол), воевода (војвода), старишина (старешина) итн. Парадигмата на жена и нога е следнава:
center|A-промена
Напомена: и тука се врши палатализација на заднонепчените согласки (ноѕѣ). Се сретнува и формата ноз наместо ноѕ во соодветните падежи.
Промената според ЈА-основата или меката А-основа ја имаат исто така најчесто именки од женски род кои завршуваат на -ıа (=ја) или пак именки и од женски и од машки кои завршуваат на -а пред кое стои мека согласка (или група согласки). Такви се: брıа (бура, читај: бурја), землıа (земја, читај: земл'ја), свиниıа (свиња, читај: свинија), чаша (чаша), овьца (овца), свшта (свеќа), дша (душа), чародица (волшебник), юноша (момче, младич) итн. Парадигмата на дша и чародица е следнава:
center|ЈA-промена, машки и женски род
При промената на именките по овие основи (О, ЈО, А и ЈА) се јавуваат одредени паралелности, правилен распоред на самогласките. Овој распоред од облик О:ЈО и А:ЈА е следниов: ъ : ь, о : е, : и, ъı :
Во оние падежи каде што во О и А-промената се јавуваат првите самогласки, таму во ЈО и ЈА-промената се јавуваат вторите.
И-промена
Именките кои се менуваат по оваа парадигма имаат основа ĭ (кратко и). Карактеристично за оваа промена е формалната еднаквост на номинативот и акузативот во еднина. Именките од оваа промена завршуваат на -ь. Според оваа промена се менуваат пред сè именки од женски род, но постои една група именки од машки род, со голема честота на употреба во јазикот, кои исто така ѝ припаѓаат на оваа промена. Такви се: од женски род:стварь (суштество, дело), вдь (знаење), мъıсль (мисла), кость (коска), власть (власт, владение), мошть (моќ), съмрьть (смрт), милость (милост), памть (памет); од машки род:пть (пат), гость (гостин), господь (господ), лакъть (лакот), ногъть (нокот), огнь (оган), боль (болка), гль (јаглен) итн. Парадигмата е иста и за именките од женски и за именките од машки род, со единствена разлика во инструментал еднина и вокатив множина. Промената на кость и пть е следнава:
center|I-промена, машки и женски род
У-промена
Оваа промена е наречена и ŭ-промена или кратка у-промена. По оваа парадигма се менуваат само мал број именки од машки род; истите многу рано почнале да ги губат старите завршетоци и да преминуваат кон О-промената. Меѓутоа оваа парадигма ќе игра големо влијание во промената на именките во модерните јужнословенски јазици. Имено, од ŭ-промената потекнува вметокот (инфиксот) -ов- (или -ев-) при формирањето на множината во македонскиот и српскохрватскиот јазик. Во оваа промена спаѓаат именките: съıнъ (син), домъ (дом), медъ (мед), ледъ (лед, мраз), волъ (вол), полъ (пол, страна), връхъ (врв), садъ (градина), ıадъ (отров), миръ (свет, мир), гласъ (глас), родъ (род), рдъ (ред), чинъ (начин, ред, измама), гръмъ (грмушка, жбун). Најрано со приближувањето кон О-промената започнала именката съıнъ (најверојатно заради именката отьць, која ѝ припаѓала на ЈО-основата), а само именките волъ и полъ ја задржале целосната ŭ-промена. Парадигмата на съıнъ е следната:
center|Ŭ-промена, машки
ЪВ-промена
Оваа промена е наречена и ū-промена или долга у-промена. По оваа промена се менуваат мал број именки од женски род. Разликата помеѓу оваа промена и согласните промени се само во номинатив и локатив еднина и датив и инструментал множина. Именките кои ѝ припаѓаат на оваа промена во номинатив еднина завршуваат на -ъı (што се развило од долгото у, ū > ъı), кое пак во хетеросилабичка позиција (пред самогласка) добива развој: ъı > ъв од каде и ѝ доаѓа името. Тука спаѓаат именките: црькъı (црква), бкъı (буква), брадъı (секира), жрьнъı (воденички камен), *кръı (крв), локъı (бара, локва), любъı (љубов), неплодъı (неротка), свекръı (свекрва), смокъı (смоква), тъıкиъı (тиква), цлъı (оздравување, исцеление), тръı (јатрва). Парадигмата на црькъı е следнава:
center|Ū-промена, женски род
Напомена: за именката *кръı не постојат форми за двоина. Исто така нејзината форма за номинатив еднина е претпоставена, а не засведочена. Наместо неа се среќава акузативната кръвь.
Согласни промени
Голем број именки од трите рода се менуваат според овие основи. Нивна основна особина е вметокот (инфиксот) кој се јавува во косите (зависни) падежи (генитив, датив, инструментал и локатив). Според вметокот постојат следниве подгрупи (потпромени): Н-промена, С-промена, Т-промена и Р-промена. Овие форми уште во раната фаза на јазикот почнале да се приближуваат кон О-, А-, односно И-промената така што за голем број од овие именки постојат алтернативни форми од другите промени. Парадигмите се следниве:
Н-промената се одликува со вметокот -ен-. Според неа се менуваат именки од машки род (камъı (камен), пламъı (пламен), дьнь (ден), корнь (корен), ремень (ремен), степень (степен), елень (елен), гребень (гребен), кремень (кремен) итн.) и именки од среден род (им (име), писм (буква), чисм (број), плем (племе), врм (време), брм (бреме, тежина), слм (покрив), см (семе, расад), тм (теме) итн.). Парадигмата на *камъı и им е следнава:
center|N-промена, машки и среден род
С-промената се одликува со вметокот -ес-. Според неа се менуваат именки од среден род кои во номинатив еднина завршуваат на -о. Такви се: слово (беседа, збор, говор), тло (тело), небо (небо), чдо (чудо), око (око), хо (уво), диво (чудо) итн. Парадигмата на слово е следнава:
center|S-промена, среден род
Напомена: именките око, очесе и хо, шесе имаат двоински форми според И-промената: на пример очи и ши наместо очекуваните очес и шес!
Т-промената се одликува со вметокот -т-. По оваа промена се менуваат мал број именки од среден род што означуваат младо суштество. Такви се: отроч (момче), козьл (јаре), жрб (ждребе), агн (јагне), тел (теле) итн. Парадигмата на отроч е следнава:
center|T-промена, среден род
Р-промената се одликува со вметокот -ер-. По оваа промена се менуваат само две именки мати (мајка) и дъшти (ќерка). За нив не постојат двоински форми. Парадигмата на мати е следнава:
center|R-промена
Промена на заменките
Заменките како и именките се менуваат по род, број и падеж. Основната поделба на замеките е на лични и нелични. личните заменки не разликувале род, додека неличните имале форми за секој род поодлено. Лични заменки се: азъ [јас] и тъı [ти] (за 1. и 2. лице еднина), в [ние двајца/две] и ва [вие двајца/две] (1. и 2. лице двоина), мъı [ние] и въı [вие] (1. и 2. лице множина), лично-повратната заменка с [себе, се] и прашалните къто [кој?] и чьто [што?] (и од нив изведените: никъто [никој], нкъто [некој], ничьто [ништо], нчьто [нешто]), иако во некои класификации прашалните заменки се сместени меѓу неличните.