Побрегово — историско село во Гевгелиско, денес во атарот на с. Стојаково, Општина Богданци.
Географија Селото се наоѓало во областа Трнова (во Бојмија), на неколку километри североисточно од градот Богданци во правец на Стојаково. Низ месноста тече повремениот водотек Побрешка Река.
Историја Во XIX век Побрегово било турско село во Гевгелиската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Побрегово имало 215 жители Турци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 151.
Според Димитар Гаџанов во 1916 г. во селото живееле 80 Турци и 14 Македонци.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 246.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.
Поврзано Бојмија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Стојаково