Зајаска Река или Кичевска Река — река во западна Македонија, лева притока на Треска во Кичевскиот крај.
Течение и особености Извира на источните падини на Бистра, над селото Тајмиште, недалеку од истоимениот рудник, на надморска височина од 1.480 м. Се влева во Треска околу еден километар северозападно од с. Бигор Доленци, на висина 590 м. Вкупната должина од изворот до вливот и изнесува 25,9 км, минималната должина 21,4 км, а коефициентот на развиеност е 1,21. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот изнесува 890 м, а просечниот изнесува 34,49‰.
Водоразделот е јасен по целата должина на реката и линијата има вкупна должина од 87 км. Сливот на Зајаска Река е најголем од сите притоки на Треска и зафаќа или 16,1% од нејзиниот вкупен слив.
Во горниот тек е позната како „Тајмишка Река“ сè до селото Мидинци, и на овој потег е изразено планинска. Пред да навлезе во пределот на Кичево, минува низ с. Зајас, по кое е наречена.
Долина Зајаска Река има сложена долина. Првото речно ерозионо проширување се јавува кај селото Колари. Низ кратката сатеска навлегува во Зајаската Котлина низ која тече во должина од 8 км. Потоа долината е всечена во епигенетска сатеска составена од кварцити каде ја прима од десната страна Бачишка Река. Оттука сè до вливот во Треска има карактер на рамничарска река. На овој потег од својата лева страна северно од градот Кичево ја прима реката Темница.
Притоки Жива Вода (Л) Кутуров Дол (Л) Горноселска Река (Л) Лескова Вода (Л) Мала Река (Д) Свински Дол (Л) Качи Дол (Д) Зли Дол (Л) Бачишка Река (Д) Темница (Л) Самосила (Л) Сушица (Д)
Поврзано Зајаска Планина Кичевија
Наводи
Категорија:Реки во Македонија Категорија:Притоки на Треска Категорија:Општина Кичево Категорија:Зајас