Вазна од Варка — гравирана вазна од алабастер најдена во комплекс на храмови посветени на сумерската божица Инана во урнатините на древниот град Урук, денес Мутана, Јужен Ирак. Вазната претставува една од најстарите пронајдени скулптури со наративен релјеф, која потекнува од околу 3200—3000 г. п.н.е.

Наоѓање на вазната Вазната е најдена во делови од германските асиролози при нивното шесто ископување на Урук, во 1933/1934 година. Запишана е под бројот W14873 во дневникот на истражувачите, со датум 2 јануари 1929 година, со описот: „голема вазна од алабастер, висока околу 96 см, со рамни релјефи“.Ralf B. Wartke, "Eine Vermißtenliste (2): Die "Warka-Vase" aus Bagdad ", Frankfurter Allgemeine Zeitung 26 April 2003, Nbr 97, page 39.. English translation here.</ref> Вазната, која личела како да е поправана во минатото, била висока еден метар. Според некои извори, вазната била малку повисока (106 см), и со пречник од 36 см.<ref name="here">Ralf B. Wartke, "Eine Vermißtenliste (2): Die "Warka-Vase" aus Bagdad ", Frankfurter Allgemeine Zeitung 26 April 2003, Nbr 97, page 39.. English translatio

here.Oriental Institute, Chicago, Lost Treasures from Iraq-Warka Vase , website accessed 8 June 2007. Вазната е именувана според денешното село Варка, на чие место во сумерско време се наоѓал градот Урук.

Украси Вазната има гравури во четири реда. Најдолу е насликана растителноста од делтата на реките Тигар и Еуфрат, како што се природните трски и култивираното жито. Над оваа растителност насликани се животни, како што се волови и овци претставени во профил. Процесијата продолжува во наредниот ред со голи мажи кои носат чинии и тегли на жртвени елементи, односно овошје и жито. Најгорниот ред е сцена, каде поворката завршува во областа на храмот. Инана, една од глевните божества во Месопотамија, подоцна позната како Иштар за време на Акадското Царство, стои означена со два дела од трска зад неа, а една гола фигура ѝ нуди чинија со овошје и жито. Една фигура во церемонијална облека, најверојатно свештеничка, стои до неа со процесија што се приближува.

Кражба и реставрација

Вазната од Варка била една од илјадниците артефакти кои биле украдени од музејот во Ирак за време на ирачката војна од 2003 година. Во април 2003 година вазната била насила извадена од основата на која стоела.Oriental Institute, Chicago, Museum Photos: Iraq Museum (Baghdad, 2003)

Подоцна, вазната била вратена во музејот во Ирак на 12 јуни 2003 година, од страна на тројца неидентификувани дваесетгодишни мажи, кои ја донеле со црвена Тојота. Весникот Тајмс за тој настан известил:

Откако вазната била вратена, скршена на 14 делови, било најавено дека наскоро ќе се реставрира. Споредбата на вазната со фотографиите од Ориенталниот институт во Чикаго, покажале значително оштетување на долниот и најгорниот дел од вазната.Clemens D. Reichel, "Iraq Museum Project ", in The Oriental Institute 2002–2003 Annual Report.

Вазната од Варка била целосно реставрирана (музејски број IM19606) и се чува во музејот во Ирак.

Наводи

Надворешни врски Богатствата од Ирак Вазната од Варка

Категорија:Сумерска уметност