Јорго Шундовски (, ) — македонски архитект и политичар, министер за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина во Владата на Македонија од 1994 до 1997 година.Значајни личности за Битола. Култура, НУУБ „Св. Климент Охридски“, Битола, 2010, стр. 240-242 пристапено на 26 ноември 2021
Животопис Тој бил роден во Битола, во 1955 година. Дипломирал на Архитектонскиот факултет, при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, во 1979 година. Во почетокот на 1980 година, тој се вработил во тогашниот Завод за урбанизам и проектирање во Битола, како проектант во отсекот високоградба. Во април 1993 година, тој бил избран за заменик министер во Министерството за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија на Владата на Република Македонија. Во 1994 година, Собранието на Република Македонија го избрало за министер во истото министерство. Оваа функција ја извршува до 1997 година кога поднесува оставка заради вмешаност во аферата ТАТ
Во 1998 година, тој го основал архитектонското биро „Форми“.
Наводи
Категорија:Политичари од Битола Категорија:Министри за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина на Република Македонија Категорија:Македонски архитекти Категорија:Југословенски архитекти Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“