Григориј Јаковлевич Перелман (, 13 јуни 1966) — руски математичар. Перелман имал значителни придонеси во римановата геометрија и геометриската топологија.

Во 1994 година, Перелман ја докажал теоремата „Душа“ во областа на диференцијалната геометрија. Во 2003 ја докажал (потврдена во 2006) хипотезата на Турстон. Со ова, следствено, била решена и пункаровата хипотеза.

Во август 2006, на Перелман му бил доделен филдсовиот медал за „неговите придонеси во геометријата и неговиот револуционерен увид во аналитичката и геометриската структура на протокот на Ричи“, но тој ја одбил наградата изјавувајќи „Јас не сум заинтересиран за пари и слава и не сакам да бидам ставен на излог како животно во зоолошка градина.“ На 22 декември 2006 година, научното списание „Наука“, го означило доказот за пункаровата хипотеза на Перелман како научно „достигнување на годината“, прво такво признание во областа на математиката.

На 18 март 2010 година, било најавено дека Перелман го постигнал критериумот за добивање на првата награда за милениумски проблем на математичкиот институт Клеј поради решението на пункаровата хипотеза. На 1 јули 2010 година, тој ја одбил наградата во вредност од 1 милион долари, велејќи дека одлуката на одборот на математичкиот институт Клеј не била фер и дека неговото решение на пункаровата хипотеза не било поголемо од она на Ричард Хамилтон, математичарот кој бил пионер на протокот на Ричи со цел решавање на пункаровата хипотеза. Перелман исто така ја одбил престижната награда на европското математичко друштво.

Наводи

Категорија:Родени во 1966 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Санкт Петербург Категорија:Руски Евреи Категорија:Математичари од 20 век Категорија:Носители на Филдсовиот медал Категорија:Руски математичари Категорија:Советски математичари Категорија:Тополози Категорија:Советски Евреи Категорија:Апсолвенти на Санктпетербуршкиот државен универзитет