Свети Никола Чудотворец — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2017 година како дел од збирката „Триптих“.

Опис Лице На лицето, во средишниот дел од монетата е прикажан Грбот на Република Македонија и натписите: „10 денари“ и „Република Македонија“ (на македонски јазик), како и годината на издавање „2017 година“. Околу грбот е прикажан украс по должината на периметарот.

Опачина На опачината, во средишниот дел од монетата е прикажан портретот на Свети Никола Чудотворец. Средишната слика е претставена врз основа со украс. Над портретот е прикажано името на Свети Никола Чудотворец како што традиционално се користи во иконописот.

Поврзано Свети Никола

Наводи

Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ