Стојан Ѓуроски (роден на во Гостивар) — македонски кошаркар. Тој моментално е слободен играч. Стојан е помал брат на поранешниот кошаркар Младен Ѓуроски.

Колеџ кариера За време на студентските денови, од 2010 до 2014 година, Стојан Ѓуроски настапувал за кошаркарската екипа на Луизијана Тек Универзитетот од Рустон, Луизијана, САД.

Клупска кариера Неговиот прв клуб во неговата професионална кариера бил бугарски Левски, за кого настапувал во сезоната 2014/15. Во август 2015 година, Ѓуроски заминал од Левски и на крајот на септември потпишал отворен договор со Работнички. Како играч на Работнички станал вицепрвак во Суперкупот на Македонија 2015. Во Работнички играл сè до крајот на декември, кога продолжил во Кожув. Во октомври 2016 година, Ѓуроски потпишал за МЗТ Аеродром. Со МЗТ го освоил Првенството 2016/17. Во август 2017 година, Стојан Ѓуроски потпишал за Карпош Соколи. Поради финансиската криза во клубот, Ѓуроски во ноември го напуштил Карпош Соколи. Веднаш потоа во декември се преселил во Блокотехна. За сезоната 2018/19, односно во август, Стојан потпишал за шпанскиот второлигашки клуб Уеска. Во мај 2019 година, односно во пресрет на второлигашките баражи за првата шпанска лига - Лигата АЦБ, Ѓуроски се преселил во Мелиља. Во баражите, Ѓуроски и Мелиља бил поразен во полуфиналето. Во август 2019 година, Ѓуроски потпишал за францускиот второлигаш Алм Евро Баскет. Во почетокот на јуни било заклучено дека Стојан и Евре ја прекинуваат соработката.

Репрезентативна кариера Ѓуроски станал за првпат член на македонската А репрезентација за време на Евробаскетот 2013. Со Македонија има учествувано и на Евробаскетот 2015. Учествувал во неуспешните квалификации за пласман на Евробаскетот 2017. Со Македонија не успеал да ги помине претквалификациите, одржани летото 2017, за пласман на Светското првенство 2019.

Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Ѓуроски. Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.

Успеси

Титули МЗТ Аеродром Прва македонска лига (1) : 2016/17

Признанија Особен придонес во сезоната 2017/18

Наводи

Надворешни врски Профил на Стојан Ѓуроски на eurobasket.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Гостивар Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Кошаркари на КК Работнички Категорија:Кошаркари на КК МЗТ Скопје Категорија:Кошаркари на КК Пелистер