Игор Штимац (роден на 6 септември 1967 година, во Метковиќ) — хрватски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од одбраната. Во моментов ја води екипата на Зрињски Мостар.

Во својата играчка кариера тој на три пати го облекувал дресот на Хајдук Сплит, но исто така настапувал и во странство: за Кадис во Шпанија, како и за Дарби Каунти и Вест Хем Јунајтед во Англија. Тој ја претставувал хрватската репрезентација 53 пати, и бил дел од тимот на Европското првенство 1996 и Светското првенство 1998, на второто кога Хрватска завршила трета.

Како тренер, Штимац бил на чело на хрватската репрезентација од 2012 до 2013 година. Во клупскиот фудбал, тој имал кратки ангажмани во својата татковина во Хајдук Сплит, Цибалија, Загреб и Задар. Сезоната 2015-2016, тој бил тренер на најуспешниот ирански фудбалски клуб Сепахан, а потоа ја водел и катарската екипа Ал-Шаханија. Од 2019 до 2024 година, бил селектор на Индија.

Титули

Клупски Хајдук Сплит Куп на Југославија : 1 1991 Прва ХНЛ : 2 1992, 1994–1995 Куп на Хрватска : 1 1995 Суперкуп на Хрватска : 1 1994

Репрезентативни Југославија под 20 Светско првенство под 20 години : 1 1987

Тренер Хајдук Сплит Прва ХНЛ : 1 2004-2005 Индија Првенство на Јужна Азија : 2 2021, 2023 Турнир Три нации : 1 2023 Интерконтинентален куп : 1 2023

Наводи

Надворешни врски

Igor Štimac profile at Hajduk Split website

Категорија:Родени во 1967 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Хрватски фудбалски тренери Категорија:Фудбалери на ФК Хајдук Сплит Категорија:Фудбалери на ФК Дарби Каунти Категорија:Фудбалери на ФК Вест Хем Јунајтед Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1998