Кит Маркиз Хајнс (роден на 19 декември 1986, во Ервинг) е американски кошаркар, плејмејкер, кој во моментов е слободен играч.
Хајнс исто така има и грузиско државјанство, и играл за грузиската репрезентација на Евробаскетот 2011 година.
Колеџ кариера Роден во Ервинг, Тексас, Хајнс играл колеџ кошарка на Бостонскиот колеџ, за Бостон Иглс (2005-2007), и Тексас-Арлингтон, за Тексас-Арлингтон Маверикс (2008-2010).
Професионална кариера Откако не бил избран на НБА Драфтот 2010, Хајнс одлучил да ја започне својата професионална кошаркарска кариера во Европа, потпишувајќи договор со екипата на Елан Шалон од Француската Про А лига.Alumnus Marquez Haynes adjusts to life in France playing for French club Chalon.
Во сезоната 2011-2012 тој се преселил во шпанската АЦБ лига каде потпишал за Гран Канарија, со која имал во просек 10,9 бода и 1,6 асистенции по натпревар. Во дресот на Гран Канарија, тој исто така го направил своето деби во Еврокупот.
Во сезоната 2012-2013, тој потпишал со Артланд Драгонс во Бундеслигата.
Во јули 2013 година, тој потпишал за Олимпија Милано, но на 28 декември 2013 година, по ангажманот на Даниел Хакет од страна на Олимпија, тој го раскинал договорот со клубот во взаемна согласност со миланската екипа. Речиси во исто време Хајнс потпишал со Монтепаски Сиена за да го замени токму Хакет.
По завршувањето на сезоната со Сиена, Хајнс повторно го променил клубот потпишувајќи двегодишен договор со израелскиот Макаби Тел Авив во јули 2014 година, придонесувајќи во клубот за освојувањето на Купот на Израел.
На 5 јули 2015 година, се вратил во Италија по само една година каде бил ангажиран од Динамо Сасари, тогашниот италијански шампион.
На 29 јануари 2016 година, Панатинаикос го купил Хајнс од Сасари за 100.000 евра.Deal with Haynes
На 5 јули 2016 година, тој потпишал со уште еден италијански клуб Рејер Венеција. Во сезоната 2016-2017, Хајнс бил еден од клучните играчи на Рејер во освојувањето на италијанската Серија А со 11.8 бода по натпревар.
Успеси Клупски Шалон Куп на Франција (1) : 2011
Макаби Тел Авив Куп на Израел (1) : 2015
Панатинаикос Куп на Грција (1) : 2016
Рејер Венеција Серија А (1) : 2016-2017
Наводи
Надворешни врски Маркиз Хајнс на Eurobasket.com Маркиз Хајнс на RealGM.com
Категорија:Американски кошаркари Категорија:Грузиски кошаркари Категорија:Живи луѓе Категорија:Играчи на КК Гран Канарија Категорија:Играчи на КК Милано Категорија:Играчи на КК Макаби Тел Авив Категорија:Играчи на Динамо Сасари Категорија:Играчи на КК Панатинаикос Категорија:Играчи на Рејер Венеција Категорија:Родени во 1986 година