Иван Луис Саморано Самора (роден на 18 јануари 1967 година во Сантјаго) е пензиониран чилеански фудбалски напаѓач. Заедно со Марсело Салас и Елијас Фигероа, се смета како еден од најпрепознатливите фудбалери на Чиле.

Тој бил член на чилеанската репрезентацијата на  Светското Првенство во 1998 година и на четири турнири на Копа Америка. Тој играл за неколку клубови, особено шпанските клубови Севиља и Реал Мадрид, како и италијанскиот клуб Интер. Тој ја освоил Ла лига во 1994-95 година и воедно бил најдобар стрелец во таа сезона со Реал Мадрид. Тој, исто така, го освоил УЕФА Купот со Интер. Моќен и плоден стрелец, тој бил особено познат по својата сила и способност во воздухот, каде што постигнал многу од неговите голови.

Во 2004 година, Саморано бил избран од редот на ФИФА 100, список на најдобрите живи фудбалери во светот составени од страна на легендата Пеле.

Саморано бил нарекуван Бам Бам и Иван Страшниот.

Наводи

Категорија:Родени во 1967 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1998 Категорија:ФИФА 100 Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Севиља