Свети Атанасиј — главна селска црква во селото Бохула.
Црквата е сместена во долниот дел на селото, под самото сретсело.
Историја
Црквата е изградена и зографисана во 1879 година. Ова го пишува во натписот над јужната врата од внатре и кој гласи:
Архитектура
Црквата претставува трикорабна, со тремови од јужната и од западната страна. Внатре корабите се покриени со дрвени таваници и се обоени.
Фрескоживопис
Црквата е живописана во 1879 година, истата година кога е завршена, а царските двери кои се наоѓаат на иконостасот се изработени во копаница од 1870 година од непознат автор, а годината е запишана на левото крило во долниот дел. Имаат сличности со дверите во селската црква во Бунарче. На иконостасот има икони од век, изработени од Петре Дебранец од село Тресонче.
На јужниот ѕид е едноставната композиција „Страшниот суд“. Во просторот на прозорците се насликани „Св. Мина“, „Св. Сава“, „Св. Ѓорги Јанински“, „Св. Тодор“, „Св. Трифун“ со срп и „Св. Нестор“.
Во главниот кораб се насликани четворицата евангелисти. На северниот ѕид се сместени: „Врачарката“, „Св. Илија“ на колосници, Христос пред Пилат, Ругање Христово, Распетие, Погребение Христово и Воскресение Христово. Во втората зона се композициите: Јуда се беси, Предавство Јудино и Тајната вечера.
Во третата зона се неколку сцени: двајца светци примаат грозд од еден човек, Воскресение Лазарево и Влегување во Ерусалим.
Во другите простории на прозорците се претставени Св. Теодор, Св. Варвара. Св. Екатерина, Св. Меркурија и уште еден неидентификуван светец. Исус Христос е насликан во проскомидијата а во олтарната апсида Св. Василиј Велики, Св. Јован Златоуст, Св. Јован Богослов и Св. Кирил Александриски. Над овие архијереи е Богородица Ширшаја.
Во нишата на ѓаконикот е насликан архиѓакон Стефан. На западниот ѕид е претставен Св. Игнатиј со два лава, Св. Зосим и Марија Еѓипќанка и Страданието на Св. пророк Исаија.
Галерија
Поврзано Бохула Повардарска епархија Кавадаречко архијерејско намесништво Ваташка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Бохула Бохула Категорија:Дела на Дебарската школа