Георги Граматик (Вапа, втора половина на XI век - ?, почеток на XII век) — македонски средновековен свештеник, граматик и минијатурист.Ѓорѓи Поп-Атранасов – Илија Велев – Маја Јакимовска-Тошиќ, Творци на македонската книжевност IX–XVIII век, Скопје, 2004, 41-45.

Животопис Георги Граматик е роден во втората половина на XI век, најверојатно во дебарското село Вапа (денес Центар Жупа). Живеел и творел во манастирот „Св. Врачи Козма и Дамјан“ во Кичевско. Автор е на богато украсениот кириличен ракопис „Битолски триод“,Ѓорѓи Поп-Атанасов, Каде и кога е пишуван Битолскиот триод и кој е неговиот пишувач, „Литературен збор“, кн. 4, Скопје, 1985, 21-28; со цели редови од глаголско писмо, поради што се претпоставува дека користел глаголска предлошка. Пишуван е со македонска јазична редакција, а значаен е и од музиколошки аспект. Ракописот е пронајден во Битолско во 1898 година, а потоа однесен во Софија во 1907 година и се наоѓа во архивот на БАН. Не е зачуван во целина.Вера Стојчевска-Антиќ, Прилог кон словенските ракописни триоди од Битола и Битолско, Зборник во чест на Блаже Конески по повод шеесетгодишнината, Скопје, 1984, 437-446; Починал во втората половина на XI век.

Наводи

Категорија:Луѓе од Центар Жупа Категорија:Македонски свештеници Категорија:Македонски граматици Категорија:Македонски минијатуристи Категорија:Римски свештеници Категорија:Римски граматици Категорија:Римски минијатуристи