Трубаревски Дендропарк или Трубаревски Арборетум — арборетум и заштитено подрачје коешто се наоѓа покрај течението на реката Вардар.

Местоположба и големина Трубаревскиот Дендропарк се наоѓа во близина на селото Трубарево и претставува продолжение на вегетацискиот појас којшто го образуваат заштитените подрачја Острово од источната и Езерце од западната страна. Неговата површина изнесува 3,3 ха.

Историја Арборетумот е создаден во 1953 година од страна на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Дендропаркот служи за еколошки набљудувања, научни истражувања на Шумско опитната станица Трубарево и настава за студентите при Шумарски факултет во Скопје.Јорданов, С. (2009). „Национален систем на заштитени подрачја“. Министерство за животна средина и просторно планирање. Дојран.

Растителен и животински свет Во арборетумот се засадени дрвенести и грмушести видови од автохтона дендрофлора на Македонија, како и видови од сите континенти, главно од Европа, Азија и Северна Америка. Вкупниот број на дрвенестите и грмушестите видови во Трубаревскиот Дендропарк е околу 600 вида.Рајчевска, А.. „Пет пари не даваат за заштита на Водно, Матка, Кале и Гази Баба“. Дома. 28 јули 2023.

Заштита Арборетумот е прогласен за заштитено подрачје во категоријата споменик на природата во 1965 година.

Галерија

Поврзано Список на заштитени природни подрачја во Македонија Езерце Острово

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Трубарево Категорија:Споменици на природата на Македонија Категорија:Арборетуми