Големата Мајка - награда и признание што ја доделува скопската Општина Гази Баба.„Службен гласник на општина Гази Баба“ број 7/2012 Наградата се доделува на физички и правни лица од Македонија и од странство, за значајни остварувања од претходната и тековната година, до објавувањето на конкурсот, како и за подолг период на работа и творештво, што заслужуваат внимание на општината Гази Баба. Таа се доделува за областите: култура, уметност, наука, млади и спорт, образование и воспитание, хуманост и солидарност, заштита и унапредување на животната средина и природата, аграр, стопанство и невладин сектор. Се доделува еднаш годишно. Наградата Големата Мајка се состои од: статуетка на Големата Мајка, плакета и паричен износ.
Добитници
2015: ОУ„ Крум Тошев“ од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, Мартин Несторовски - каратист од КК Металург за врвни спортски достигнувања; проф.д-р Бранко Крстевски - во категоријата млади и спорт, за посебни заслуги во развојот на физичката култура и спортот, Горјан Петрески - за постигнати резултати во областа на културата, Весна Трајковска - од областа на образование и воспитание, Снежана Милковска - за постигнување од областа на науката, фирмата „Вардарградба“ - од областа на стопанствот, М-р Маја Михајловска и М-р Марија Михајловска - од областа на уметноста и Тефик Садриовски - за значајни остварувања во областа на хуманост и солидарностОпштина Гази Баба го прослави 39-от роденден. 2016: Тања Метикош - одделенски наставник од ООУ „Дане Крапчев” за значајни остварувања во областа на образованието и воспитанието од наставнички кадар;, Пакомак - од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, Ахмедин Марукиќ - за постигнати резултати од областа на спортот, Кризниот центар Надеж - за постигнати резултати од невладиниот сектор, Стојанче Костовски - за постигнати резултати во областа на уметноста и културата, ООУ „Наум Охридски” - од областа на образование и воспитание, „Пивара” АД Скопје - од областа на стопанството, Д-р Борислав Илиев - од областа на здравството и Живко Попов - за наука. 2017: Елизабета Георгиевска – за значајни остварувања во областа на образованието и воспитанието, Општински Сојуз на училиштен спорт на Гази Баба – за значајни остварувања во областа на спортот, Љубе Антовски – за значајни остварувања во областа на аграрот, м-р Ана Петровска – за значајни остварувања во областа на хуманост и солидарност, м-р Елена Канзурова – за значајни остварувања во областа на културата, ФАМЕС – за значајни остварувања во областа на уметноста и д-р Благица Цекова – за значајни остварувања во областа на науката Наводи
Категорија:Општина Гази Баба Категорија:Македонски општински награди