Коста Абраш, роден Коста Наумов Абрашевиќ (Охрид, 29 мај 1879 — Шабац, 20 јануари 1898) — првиот македонски пролетерски поет. Значаен дводомен писател кои пишувал на српски јазик. Автор на една стихозбирка посмртно издадена во 1903 година под насловот „Песни“. Покрај неговиот краток живот, неговите песни имале големо влијание во српската и македонската литература особено поради нивниот социјалистички мотив. Денес во Српската историографија е третиран како Србин.

Животопис лево|мини|Местото каде што се наоѓала куќата на Абраш во Охрид. мини|396x396пкс|Споменик од Коста Абреш во Белград. Роден е на 29 мај 1879 година во Охрид, тогаш дел од Отоманското Царство. Потекнува од сиромашно трговско семејство, неговиот татко Наум Христиќ, по потекло од Охрид, редовно патувал во Коњух каде купувал зејтин за да го продаде во Охрид. Христиќ се оженил двапати, со првата жена немале деца и кога починала се оженил со Сотира, ќерката на Наум Точка. Сотира потекнува од гркоманско трговско семејство, учела во грчкото училиште во Битола. Поради неговиот метод на увезување зејтин, Наум Христиќ го добил прекарот Абраши или Абрашевиќ. Нивното прво дете се родило во 1870 година — Ристе Абрашевиќ, подоцна Климент Абрашевиќ и Коста Абрашевиќ како третиот син. Тие имале една ќерќа Афродита Абрашевиќ, родена покрај крајот на 1884 година.

Поради семејната сиромаштија Коста страдал од неговото детство. Во 1885 година се запишал во охридското грчко училиште. Но поради нивната сиромаштија стигнал само до трето одделение. Во 1887 година неговиот татко Крстиќ се преселил во Шабац како печалбар. Кога ја отворил неговата продавница во 1888 година го поканил неговото семејство да се пресели со него. Истата година Коста, Ристе и нивната мајка го продале дуќан во Охрид и се упатиле кон Кралството Србија со коњови. Истовремено се формирале различни македонски трговски колонии низ Србија, но најсконцентирани биле во Белград, Крагуевац и Шабац. Покрај неговата возраст Коста Абраш помогнал со трговијата на татко му. Истата година се запишал во градското основно училиште.

По молба од министерот за образование и култура почнал да прими стипендија во 1892 година. Истата година се запишал во градската гимназија. Таму Абраш ја примил социјалистичката идеалогија и ја напишал неговата прва песна „Пут у завичај“ (Пат кон татковината) на дванаесетта годишна возраст. Во песната Коста Абраш си ја изразува љубовта спрема неговата татковина — Македонија и како сакал да се врати во неговиот роден град Охрид. Во 1893 година починал неговиот татко и превземал одговорност неговиот постар брат Климент. Истата година ја напишал неговата втора песна „Јадна мома“ (Сиромашна мома) која по ритам била слична со народните лирски песни од охридскиот крај. Се обиде да ги прати неговите песни во детскиот весник „Голуб“ но ги одбиле. Во неговите писма насочени кон весникот Коста Абраш употребил различни псевдоними, меѓу нив биле: Македонец, Зеќанин, Љуб. Костиќ, Ленка М. Костиќ и Анта Костиќ. Во број 14 на весникот еден од редакторите коментирале за писмата на Абрашевиќ: „Коста Абрашевиќ од Ш[абац]. Прво и најважно: подобро е да се пишува поубаво и поуредно, и второ: јазикот е скроз лош, така што мора да се преработи сѐ.“

Успеал само една песна да објави под псевдонимот Анта Костиќ. Песната била преведен од грчки во српски со насловот „Под прозорецот“. Во неговата гимназија се занимавал со социјалистичката литература, во 1894 година ја напишал песната „Социјалистички марш“ каде се пее за слободата на работникот. Истовремено ги напишал и неговите први песни со љубовта како главен мотив. Тие биле „Драгој“ (Драга), „На што?“ и „Младост“. Продолжил да пишува песни сѐ до неговата смрт во 1898 година од туберкулоза.

Посмртно во негова чест српските и македонските социјалисти издале стихозбирка со неговите песни. Во негова чест биле именувани српскиот машки хор во Битола меѓу 1933 и 1940 година, работничката културно-уметничка група во Куманово меѓу 1927 и 1940 година, работничката културно-уметничка група во Прилеп меѓу 1934 и 1939 година и сојузот на на културно-уметнички друштва во Белград меѓу 1905 и 1970 година.

Наводи

Употребена литература

Надворешни врски Коста Абрашевиќ „Црвена“ Коста Абрашевиќ „Песни“, на српски јазик „Црвена“ во изведба на Зафир Хаџиманов

Категорија:Луѓе од Охрид Категорија:Македонски поети Категорија:Дводомни писатели Категорија:Родени во 1879 година Категорија:Починати во 1898 година Категорија:Починати од туберкулоза Категорија:Починати во Шабац Категорија:Македонци во Србија Категорија:Македонски социјалисти