мини|десно|Лебед OB2 — ѕвезденото здружение во кое се наоѓа NML Лебед. NML Лебед или V1489 Лебед (NML Cygni, V1489 Cygni) — црвен хиперџин и втора позната ѕвезда по големина, со полупречник од 1.640 Сончеви полупречници (1,14×109 или 7,6 ае) или од 1.183–2.770 Сончеви полупречници (823.000.000–1.927×109 км; 5,50–12,88 ае). Се проценува дека е оддалечена од Земјата 1,6 кпс, околу 5.300 сг.

Ѕвездата е дел од здружението Лебед OB2, едно од масивните здруженија најблиски до Сонцето, протегаќи се речиси 2° на небото или ∼30 парсеци во пречник, на растојание од 1,74±0,2 кпс.

Историја на набљудување Ѕвездата е откриена во 1965 г. од Нојбебауер, Марц и Лејтон, кои опишале две многу црвени сјајни ѕвезди, со бои што одговараат на црнотелесна тепмература од 1.000 K. Акронимот NML во името се првите букви од имињата на откривачите. Втората ѕвезда за кратко се водела како NML Бик но денес е позната како IK Бик,мирида од типот M9. NML Лебед потоа ја добил ознаката V1489 Лебед поради малите полуправилни колебања во светлоста, но сепак го задржува NML Лебед како најчесто име. Нејзиниот состав почнал да станува познат со откривањето на OH-мазери (1612 MHz) во 1968 г. Пронајдени се и молекули од , , , , , , и .

Особености Во поново време полупречникот на NML Лебед се наведува како . Поточното мерење на нејзиното растојание и сјајност, заедно со претпоставките за нејзината делотворна температура даваат полупречник од при температура од 3.250 K или при температура од 2.500 K. Во 2004 г. Зубко и др. го процениле дека ѕвездата е многу поголема, со полупречник од дури , согласно претпоставената оддалеченост од 2.000 пс и аголен пречник од 8,6 млс. Поновите мерења укажуваат на браново добиен аголен пречник од 44 млс при оддалеченост од 1.600 пс, со што оптичкиот аголен пречник би изнесувал 22 млс.

Ако ја сместиме во средиштето на нашиот Сончев Систем, ѕвездата би се протегала подалеку од орбитата на Јупитер. Има зафатнина меѓу 1,6 и 21,4 милијарди пати поголема од онаа на Сонцето. Болометриска сјајност (Lbol) на NML Лебед изнесува речиси 3 × 105 . Нејзината болометрична величина (Mbol) е околу −9,0. Спаѓа меѓу најсјајните студени хиперџинови и најсјајните ѕвезди во Млечниот Пат. По поведение, NML Лебед е полуправилна променлива ѕвезда со период од околу 940 дена.

Ѕвездата е сместена близу очекуваната положба на која ѕвезда од би се развила по осум милиони години. Тешко е да се процени нејзината тековна маса. Еден извор вели дека таа изнесува .

NML Лебед е во поодмината развојна фаза и во нејзината атмосфера се пронајдени низа тешки елементи и молекули, особено кислород, хидроксил и вода. Опкружена е со правилв материјал и има несиметрична маглина во облик на зрно грав складна со распределбата на мазерите со испаренија од H2O.

Се смета дека ѕвездата губи маса годишно, што е меѓу најголемите степени на губиток од сите познати ѕвезди. Годишната паралакса на NML Лебед изнесува околу 0,62 лачни милисекунди. Од набљудувањата се проценува дека ѕвездата има две засебни оптички дебели обвивки од прав и молекули. Оптичката длабочина на внатрешната обвивка изнесува 1,9, а пак внатрешната е дебела 0,33. Овие обвивки од прав се образувале поради силниот ветер од подрачјата по главната низа, и дуваат со брзина од 23 км/с.

Наводи

Категорија:Хиперџинови Категорија:Ѕвезди од типот M Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Полуправилни променливи ѕвезди Категорија:Астрономски тела откриени во 1965 година Cygni, V1489 Категорија:2MASS-објекти Категорија:Хиперџинови од типот M Категорија:Суперџинови од типот M