Репрезентација на Финска во хокеј на мраз е репрезентација на Финска во хокеј на мраз која е под контрола на Хокеарскиот сојуз на Финске. Репрезентација меѓународно се натпревраува од 1928 година.

Финската хокеарска репрезентација досега има освоено два златни медали на Светските првенства во хокеј на мраз во 1995 во Шведска и 2011 во Словачка. Покрај златото имаат освоено уште шест сребрени и три бронзени медали.

На Олимписките игри учествувале четирнаест пати и имаат две сребрени и три бронзени медали.

Вкупно во државата има 67.336 регистрирани играчи.Финска на ИИХФ, Пристапено 24. 4. 2013.

Првиот натпревар во својата историја Финска го одиграла во Хелсинки против Шведска, на 29. јануари 1928 година и во тој двобој била поразена со 8-1. Најтешкиот пораз Финска го доживеала од Канада во 1947 година со резултат 24-0, додека највисоката победа ја памтат од 1994 година кога ја совладале Норвешка со 20-1.

Најмногу настапи за финската репрезентација има Раимо Хелминен, кој одиграл 331 натпревар во националниот дрес, а истиот играч е и најефикасен со вкупно 207 голови.

Настапи на натпреварувања Олимписки игри МестоГодинаПласманМесто Осло 1952Финална рунда7.82062160 Кортина Д'Ампецо 1956Не учествувале Скуо Вали 1960Прва фаза7.63121833 Инсбрук 1964Прва фаза6.83051833 Гренобл 1968Прва фаза5.84132825 Сапоро 1972Финална рунда5.63032725 Инсбрук 1976Финална рунда4.63033020 Лејк Плесид 1980Финална рунда4.73133125 Сараево 1984Прва фаза6.62133126 Калгари 19882.85123414 Албертвил 1992Четвртфинале7.84132911 Лилехамер 19943.87013810 Нагано 19983.63032019 Солт Лејк Сити 2002Четвртфинале6.42021210 Торино 20062.8701298 Ванкувер 20103.64021913 Сочи 20143.64112410 Пјонгчанг 2018Квалификувани Пекинг 2022To be determinedВкупно16/170 Титули-------

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место Профил на IIHF

Категорија:Репрезентации во хокеј на мраз Хокеј