Бора Ќосиќ (српски: Бора Ћосић, 5 април 1932, Загреб, Кралство Југославија) - српски и југословенски писател.
Животопис Бора Ќосиќ е роден во 1932 година, во Загреб. Во 1937 година, неговото семејство се преселило во Белград, каде го завршил средното образование (во Првата машка гимназија), а потоа студирал на Универзитетот во Белград, на отсекот за философија. Во 1992 година се преселил во Берлин и тогаш изјавил: „роден во Загреб, умрен во Белград, живеам во Берлин.Дејан Михајловић, „Бора Ћосић - Биографија са библиографијом“, во: Бора Ћосић, Приче о занатима – Улога моје породице у светској револуцији. Београд: ЛОМ, 2010, стр. 215.
Творештво Уште во младоста, Ќосиќ ги преведувал руските футуристички поети, а бил и уредник на неколку списанија: „Млада култура“ (1952), „Денес“ (1961-1963) и „Рок“ (1969-1970). Исто така, работел како драматург и уметнички советник во филмските студија „Славија“ (1958-1959) и „Авала“ (1962-1963). Истовремено, соработувал во снимањето на документарни филмови и пишувал сценарија за играни филмови („Десантот на Дрвар“) и за телевизиски серии („Нашите приредби“, „Лудиот речник“). За време на неговите студиски престои во Европа објавил неколку стотини текстови во бројни весници и списанија во Германија, Австрија, Швајцарија, Италија, Холандија, Унгарија, Романија, Русија, Полска и Албанија. Исто така, учествувал на повеќе од 200 книжевни читања во неколку европски земји; дал повеќе од сто интервјуа за разни весници, радио-станици и телевизиски канали; и учествувал на бројни книжевни конференции, фестивали, симпозиуми и конгреси.Дејан Михајловић, „Бора Ћосић - Биографија са библиографијом“, во: Бора Ћосић, Приче о занатима – Улога моје породице у светској револуцији. Београд: ЛОМ, 2010, стр. 215-217.
За творештвото на Ќосиќ се објавени голем број критики и есеи, како и две книги: Милош Стамболиќ, Туторите на Бора Ќосиќ (1982) Предраг Бребановиќ, Подрумите на марципанот (2006)
Библиографија Ќосиќ е автор на голем број книги:Дејан Михајловић, „Бора Ћосић - Биографија са библиографијом“, во: Бора Ћосић, Приче о занатима – Улога моје породице у светској револуцији. Београд: ЛОМ, 2010, стр. 216-217. Куќата на крадците (роман, „Нолит“, Белград, 1956) Сите смртни (роман, „Космос“, Белград, 1958) Ангелот дојде по своето (роман, „Нолит“, Белград, 1959) Видливиот и невидливиот човек (историја на филмот, „Стварност“, Загреб, 1962) Содома и Гомора (есеи, „Матица српска“, Нови Сад, 1963) Приказни за занаетите (раскази, „Нолит“, Белград, 1966) Содржина (есеи, Независни изданија на Слободан Машиќ, Белград, 1968) Mixed-media (есеи, независно авторско издание, Белград, 1970) Улогата на моето семејство во светската револуција (роман, независно издание, Белград, 1970) Зошто се боревме (раскази, „Српска књижевна задруга“, Белград, 1972) Тутори (роман, „Нолит“, Белград, 1978 и 1982) Bel tempo (роман, „Нолит“, Белград, 1982) Работите, сомнежите, соновите на Мирослав Крлежа (есеј, „ГЗХ“, Загреб, 1983) Содома и Гомора (есеи, нова верзија, „Нолит“, Белград, 1984) Книга за Оља (монографија, „Књижевне новине“, Белград, 1984) Доктор Крлежа (роман, „Нолит“, Белград, 1988) Интервју на Циришкото езеро (роман, „БИГЗ“, Белград, 1988) Мусиловиот нотес (роман, „ГЗХ“, Загреб, 1989) Содржина Поимник (есеи, „ГЗХ“, Загреб, 1990) Повест за Мишкин (есеи, „Просвета“, Белград, 1991) Загрепска анализа (есеј, „Нолит“, Белград, 1991) Растур (роман, „Свјетлост“, Сараево, 1991) Погледот на малоумниот (есеи, „Свјетлост“, Сараево, 1991) Дневникот на апатридот („Durieux“, Загреб, 1993) Добро владеење (есеи, „Антибарабарус“, Загреб, 1995) Дневникот на апатридот (дополнето издание, „Б 92“, Белград, 1998) Барокно око (есеи, „Б 92“, Белград, 1998) Приватна пракса (есеи, „Б 92“, Белград, 1998) Новиот станар (дневник, „Б 92“, Белград, 1998) Старост во Берлин (проза, „Б 92“, Белград, 1998) Проектот Каспар (проза, „Б 92“, Белград, 1998) Царинска декларација (роман, „Feral Tribune“, Сплит, 2000) Погледот на малоумниот (нова верзија, „Меандар“, Загреб, 2001) Собата на Ирена (песни, „Меандар“, Загреб, 2002) Нулта земја (роман, „Feral Tribune“, Сплит, 2002) Ткаење (текстови, „Адамиќ“, Ријека, 2002) Изгнаници (роман, „Меандар“, Загреб, 2005) Пат на Алјаска (патопис, „Просвета“, Белград, 2006) Позо, Бекетов (монодрама, „Сцена“, Нови Сад, 2006) Очила на масата (песни, „Република“, Загреб, 2007) Приказни за занаетите (раскази, „Меандармедија“, Загреб, 2008) Конзул во Белград (роман, „Просвета“ и „Алтера“, Белград, 2008) Приказни за занаетите - Улогата на моето семејство во светската револуција (раскази/роман, „ЛОМ“, Белград, 2008)
Исто така, Ќосиќ е автор на следниве драмски текстови:Дејан Михајловић, „Бора Ћосић - Биографија са библиографијом“, во: Бора Ћосић, Приче о занатима – Улога моје породице у светској револуцији. Београд: ЛОМ, 2010, стр. 217. Лесно оди Србинот во војска (Ателје 212, Белград, 1969) Коса (верзија на мјузиклот, Ателје 212, 1971) Улогата на моето семејство во светската револуција (Ателје 212, Белград, 1971; обновена во 2007) Бел темпо (Ателје 212, Белград, 1985)
Награди и признанија Ќосиќ е добитник на неколку награди:Дејан Михајловић, „Бора Ћосић - Биографија са библиографијом“, во: Бора Ћосић, Приче о занатима – Улога моје породице у светској револуцији. Београд: ЛОМ, 2010, стр. 218. НИН-овата награда за најдобар роман на годината (за „Улогата на моето семејство во светската револуција“, 1970) Стериината награда за најдобра комедија (за претставата „Улогата на моето семејство во светската револуција“, 1971) Наградата на „Нолит“ за најдобар роман (за „Тутори“, 1978) Годишна стипендија на германската фондација ДААД (1995-1996) Наградата за европско разбирање, доделена на саемот на книги во Лајпциг (2002)
Наводи
Категорија:Српски раскажувачи Категорија:Српски романописци Категорија:Југословенски писатели Категорија:Родени во 1932 година Категорија:Луѓе од Загреб Категорија:Српски писатели Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Живи луѓе Категорија:Добитници на НИН-овата награда