Индекс на телесна маса (ИТМ) или показател на телесна маса (ПТМ) — вредност добиена од масата и висината на единката. ИТМ е дефинирана како однос помеѓу телесната маса и квадратот на телесната висина, и се изразува во единици на kg/m2.
ИТМ претставува обид да се квантифицира количеството на ткивна маса (мускули, маснотии и коски) кај единката. Притоа, во зависност од добиената вредност, ја категоризира во следниве категории: неисхранетост, нормална тежина, прекумерна тежина и гојазност.
Категории thumb|Гојазноста и ИТМ Вообичаено ИТМ се користи за проценка колку телесната маса на единката се оддалечува од она што е нормално за висината на една личност. Вишокот или недостатокот на телесна маса, може да се должи делумно на телесните масти (адипозно ткиво) иако и други фактори како што е мускулната маса може значително да влијаат на ИТМ.
+ ИТМ, основни категории Категорија ИТМ (kg/m2) Неисхранетост (Тешка) < 16.0 Неисхранетост (Умерена) 16.0 – 16.9 Неисхранетост (Блага) 17.0 – 18.4 Нормална тежина 18.5 – 24.9 Прекумерна тежина 25.0 – 29.9 Гојазност (Класа I) 30.0 – 34.9 Гојазност (Класа II) 35.0 – 39.9 Гојазност (Класа III) ≥ 40.0
Белешки
Наводи
Категорија:Дебелина Категорија:Медицински знаци Категорија:Човечка тежина