Ибн Халдун ( , Abū Zayd ‘Abd ar-Raḥmān ibn Muḥammad ibn Khaldūn al-Ḥaḍramī) - арапски историчар, социолог, економист и демографThe Historical Muhammad, Irving M. Zeitlin, (Polity Press, 2007), 21; "It is, of course, Ibn Khaldun as an Arab here speaking, for he claims Arab descent through the male line.". The Arab World: Society, Culture, and State, Halim Barakat, (University of California Press, 1993), 48;"The renowned Arab sociologist-historian Ibn Khaldun first interpreted Arab history in terms of badu versus hadar conflicts and struggles for power." Ibn Khaldun, M. Talbi, The Encyclopaedia of Islam, Vol. III, ed. B. Lewis, V.L. Menage, C. Pellat, J. Schacht, (Brill, 1986), 825;"Ibn Khaldun was born in Tunis, on I Ramadan 732/27 May 1332, in an Arab family which came originally from the Hadramawt and had been settled at Seville since the beginning of the Muslim conquest...", роден во Тунис на 27 мај 1332, починал во Египет на 17 март 1406 година. Се смета за еден од основоположниците на модерната историографијата, социологијата, економијата и демографијата.• Joseph J. Spengler (1964). "Economic Thought of Islam: Ibn Khaldun", Comparative Studies in Society and History, 6(3), pp. 268-306.   • Jean David C. Boulakia (1971). "Ibn Khaldûn: A Fourteenth-Century Economist", Journal of Political Economy, 79(5), pp. 1105–1118.

Најпознат е по делото, Мукадима или Пролегомени ("Вовед") под чие влијание биле османлиските историчари од 17 век како Ќатип Челебија, Ахмед Џевдет-паша и Мустафа Наима, кои ги користеле теориите во книгата да го анализираат подемот и падот на Отоманското Царство. Европските историчари од 19 век исто така ја признавале важноста на книгата и го сметале Ибн Халдун за еден од најголемите филозофи на средниот век.Bernard Lewis: "Ibn Khaldun in Turkey", in: Ibn Khaldun: The Mediterranean in the 14th Century: Rise and Fall of Empires, Foundation El Legado Andalusí, 2006, , pp. 376–380 (376) S. M. Deen (2007) Science under Islam: rise, decline and revival. p. 157.

Историски контекст Во 13 век, по падот на Алмохадите кои ја одбележале средновековната цивилизација на Магреб, унифицирајќи го регионот,започнал еден долг период на анархија и сиромаштија.. Во 14 век, Меринидите го контролирале западен Магреб (денешен Алжир) додека Хафсидите владееле со Ифрикија (денешен Тунис и источниот дел на Алжир) Овие три династии директно или индиректно потекнувале од Алмохадската династија, се бореле за превласт во Магреб и постојано биле под закана на арапските племиња и од дисиденцијата на берберските племиња кои живееле во близина, секое во рамки на неговите поединечни граници.

Животот на Ибн Халдун се одвивал во една многу проблематична епоха, обележана со разни социо-политички превирања, со појавата на црната смрт и со непрестајните династички борби во Магреб. Впрочем, смртта на секој владетел отворала нова криза околу наследството на власта којашто кралските синови сакале да ја приграбат само за себе. Секоја династија сè повеќе и повеќе се индивидуализирала и покрај заедничките корени, додека меринидската династија се обидувала да го унифицира Магреб, на начин како што тоа го сторила алмохадската. Градовите растеле и играле значајна верска, културна и политичка улога во секоја од државите. Тлемсен, Константин и Беџаја броеле по 40.000 жители, Маракеш околу 60.000 а Фес и Тунис имале над 100.000 жители што била голема бројност на население на тоа време.

На Пиринејскиот Полуостров, последните муслимански кралства се обидувале да го сопрат напливот на галската и кастиљската Реконквиста, додека Истокот се соочувал со турско-монголските инвазии.

Животопис мини|225x225пкс|Ибн Халдун бронзена биста во природна големина на Ибн Халдун која е дел од збирката на Арапско Американскиот Национален Музеј (Каталог Број 2010.02). Изработена од страна на Патрик Морели од Албани, во 2009 година. Инспирирана од статуата на Ибн Халдун во Тунис.|лево Животот на Ибн Халдун е релативно добро документиран, бидејќи тој напишал автобиографија (арапски: , at-Taʻrīf bi-ibn Khaldūn wa-Riḥlatih Gharban wa-SharqanPublished by Muḥammad ibn Tāwīt aṭ-Ṭanjī, Cairo 1951), во која се цитирани голем број документи во врска со неговиот живот.

Абдурахман бин Мухамед бин Мухамед бин Мухамед бин Ал-Хасан бин Џабир бин Мухамед бин Ибрахим бин Абдурахман бин Ибн Халдун, главно познат како "Ибн Халдун", според некој далечен предок, е роден во Тунис во 1332 (732 по хиџра) во влијателно и побогато андалусиско семејство со арапско потекло. Едниот од предците на семејството, според него, бил јеменитски Арап кој бил во сродство Ваил ибн Хуџр, придружник на исламскиот пророк Мухамед. Семејството кое имало многу влијание во Андалусија, по падот на Севиља во 1248 година, емигрирало во Тунис. За време на туниската хафсидска династија некои од неговото семејство имале политички функции. Таткото и дедото на Ибн Халдун  сепак се повлекле од политичкиот живот и се приклучиле на редот на мистиците. Неговиот брат, Јахја Ибн Халдун, исто така, бил историчар кој напишал книга за абдалвадидската династија, и кој бил убиен од страна на соперник за да биде службен историограф на дворецот.(француски) « Lettre à Monsieur Garcin de Tassy », Journal asiatique, troisième série, tome XII, éd. Société asiatique, Paris, 1841, p. 491

Во својата автобиографија, Халдун си го кажува потеклото уште од времето на Мухамед преку арапско племе од Јемен, поконкретно од Хадрамут, кое дошло до Пиринејскиот Полуостров во осмиот век, на почетокот на исламското освојување. Самиот рекол: „И нашето потекло е од Хадрамут, од Арапите од Јемен, преку Ваил ибн Хуџр исто така познат како Хуџр ибн 'Ади, еден од најдобрите Арапи, добро познат и почитуван." (стр. 2429, издание Ал-Waraq). Сепак, биографот Мухамед Енан се сомневал во ова негово тврдење, велејќи дека неговото семејство можеби биле МуваладиThe Spanish, Portuguese and Catalan words muladí, muladi or muladita are derived from the Arabic muwallad. The basic meaning of muwallad is a person of mixed ancestry, especially a descendant of an Arab father and a non-Arab mother кои тврделе дека имаат арапско потекло со цел да стекнат со социјален статус.A. Khaldun: His life and Works for Mohammad Enan Енан, исто така споменува добро документирана традиција од минатото, во врска со одредени берберски групи, при што тие самите се "воздигнуваат" со арапски предци. Мотивот за тоа секогаш било желбата за политички и општествени напредувања. Ова се шпекулирало и за семејството на Халдун, дека Ибн Халдун и самиот бил со берберско потекло како и поголемиот дел од жителите на неговото родно место. Сепак, исламскиот историчар Мухамед Хозиен вели дека "наводниот [Берберски] идентитет ќе значел во времето кога предците на Ибн Халдун ја напуштиле Андалусија и се преселиле во Тунис но тие сепак не го промениле тврдењето дека се со арапско потекло. Дури и во времињата кога Берберите биле на власт, за време на владеењето на Ал-Марабатс и ал-Мовахидс, и др. семејството на Ибн Халдун не го барале нивното берберско наследство". Најсилен показател на неговото арапското јеменитско потекло се неговата генеалогија и презимето.Al-Muqqadimah. Ibn Khaldun

Образование мини|Родната куќа на Ибн Халдун во Тунис Високиот статус на неговото семејство му овозможил на Ибн Халдун да учи со најдобрите учители во Магреб. Тој добил класично исламско образование, учење на Куранот кој го научил напамет, арапска лингвистика, основа за разбирањето на Куранот, хадит, шеријат (закон) и фик (надлежност). Тој добил диплома (арапски: الإِجازَة‎ ijazah , "дозвола", "овластување") по сите овие предмети. Математичарот и филозофот, Ал-Абили од Тлемсен, го вовел во математиката, логиката и филозофијата, и тој пред сè ги проучувал делата на Авероес, Авицена, Рази и Туси. На возраст од 17 години, Ибн Халдун ги изгубил обата родитела од Црната смрт, интерконтинентална епидемија на чума што го погодила Тунис во 1348-1349. Тој за чумата зборува во неговото дело Мукадима:Страшна чума надојде врз народите на Истокот и Западот; таа сурово ги измачи нациите, однесе голем дел од оваа генерација, ги сотре и ги уништи најдобрите резултати на цивилизацијата. Се покажа себеси кога империите беа во ера на декаденција и се доближуваа до крајот на нивното постоење; таа им ја скрши силата, им ја потисна моќта, ги ослабна до тој степен што им се закануваше целосно да ги уништи. Земјата престана да се обработува поради недостиг на луѓе; градовите беа опустошени, зградите паднаа во урнатини, патиштата беа избришани, спомениците исчезнаа; куќите и селата останаа без жители; нациите и племињата ја изгубија својата сила, а целата земја си го смени ликот.[PDF] Ibn Khaldoun, trad. William Mac Guckin de Slane, Les Prolégomènes(première partie), éd. Librairie orientaliste Paul Geuthner, Paris, 1863, p. 133 [archive].

Раните години во Тунис, Фес, Тлемсен и Гранада мини|Џамијата каде Ибн Халдун го изучувал КуранотСпоред семејната традиција, Ибн Халдун се борел за политичка кариера. При бурната политичка ситуација во Северна Африка, ова барало многу вештина внимателно да се создаваат и прекинуваат сојузништва, за да не се падне заедно со минливите режими на времето. Автобиографијата на Ибн Халдун е приказна за авантура, во која тој поминува време во затвор, ги достигнува највисоките функции и паѓа повторно во егзил.

На 20 годишна возраст, тој ја започнал својата политичка кариера на функцијата Катиб ал-'Аламах (носител на печатот) кај тунискиот владетел Ибн Тафракин, која се состоела од пишување калиграфски воведни белешки на официјални документи. Во 1352, Абу Зиад, султан на Константин, го нападнал Тунис и го поразил. Ибн Халдун, кој не бил среќен со неговата почитувана но политички бесмислена функција, со учителот Абили заминал за Фес. Таму султанот Абу Инан Фарес од маринидската династија го назначил за пишувач на кралските прогласи. Во 1357 година, обвинет за сплетки против интересите на султанот 25-годишниот Ибн Халдун 22 месеци поминал во затвор. По смртта на Абу Инан во 1358 година, везирот Ал Хасан Ибн Умар го ослободил од затвор и му го вратил рангот и функцијата. Кога Абу Салем дошол на власт, тој му дал на Ибн Халдун министерско место, прва функција која одговарала на неговите амбиции. Наскоро нови превирања придонеле Абу Салем да ја изгуби власта и на негово место да дојде некој пријател на Ибн Халдун, Ибн-Амар Абдула, кој не му дал значајна службена положба. Ибн Халдун затоа се одлучил да се пресели во Гранада. Тој можел да биде сигурен дека таму ќе има топло добредојдовте, бидејќи во Фес тој му помогнал на султанот на Гранада, Насрид Мохамед V, да се врати на власт по неговиот привремен егзил. Во 1364 година, султанот Мухамед му доверил дипломатска мисија кај кралот на Кастиља, Педро Суровиот, со цел склучување на мировен договор. Ибн Халдун успешно ја спровел оваа мисија и учтиво ја одбил понудата на Педро да остане во служба на неговиот двор и да си го поврати имотот кој порано во Шпанија го поседувало неговото семејство. Во Гранада, Ибн Халдун брзо влегол во конкуренција со везирот на Мухамед, Ибн ал-Хатиб, кој со недоверба гледал на блиските односи помеѓу Мухамед и Ибн Халдун. Ибн Халдун се обидел да го обликува младиот Мухамед според неговиот идеал на мудар владетел, потфат кој Ибн ал-Хатиб го сметал за глупав и опасен за мирот во земјата а историјата покажала дека бил во право. На поттик на ал-Хатиб, Ибн Халдун на крајот бил испратена назад во Северна Африка. Самиот Ал-Хатиб подоцна бил обвинет од страна на Мухамед дека има необични филозофски погледи, и бил убиен, и покрај обидот од страна Ибн Халдун да се заложи во името на својот поранешен соперник. Во неговата автобиографија, Ибн Халдун малку кажува за неговиот судир со Ибн ал-Хатиб и за причините за неговото заминување.