Моксонидин е лек кој се користи за третман на висок крвен притисок (хипертензија) од новата генерација на антихипертензиви со централно дејство одобрен за третман на блага до умерена есенцијална хипертензија. Може да се воведе во третманот кога други лекови како тиазиди, бета-блокатори, АКЕ инхибитори и блокатори на калциумовите канали не се соодветни за употреба или потфрлиле во контролата на крвниот притисок. Се произведува од Solvay Pharmaceuticals под заштитено име Physiotens®.
Механизам на дејство Моксонидин делува на I1 имидазолин рецепторот во централниот нервен систем како селективен агонист. Моксонидин делува и како агонист на α2-андренорецепторот, но со 30 пати помал афиниет во споредба со имидазолин рецепоторот. Поради ваквиот механизам на дејство се смета дека моксонидинот доведува до помалку несакани ефекти во споредба со постарите централно дејствувачки супстанции како клонидин (примарен α2-андренорецептор агонист).
Моксонидинот селективно се врзува за I1 имидазолин рецепторот во ростралната вентролатерална медула, регион во продолжениот мозок кој има централна улога во регулација на периферната симпатичка активност. Врзувањето на моксонидин за I1 имидазолин рецепторот доведува до намалување на симпатичката активност што резултира со ширење на артериските крвни садови и намален периферен отпор, како и намалено симпатичко влијание врз срцевата работа со снижување на срцевата фреквенција и систолен волумен. Ова доведува до значително намалување на систолниот и дијастолниот притисок.
Контраиндикации Поради сложениот механизам на дејство, постојат бројни основни контраиндикации (избор):
малигни аритмии срцева слабост NYHA II-IV нестабилна ангина пекторис ангиоедем бременост и период на доење
Исто така, постојат голем број препораки каде што лекот не треба да се користи поради недостаток на искуство во терапија и можен потенцијал за интеракција (избор):
периферна артериска болест Рејноова болест Паркинсонова болест епилептични заболувања глауком
Интеракции со други лекови Поради агонизмот на моксонидин врз α2-адренорецепторите, дејството на невролептиците, хипнотиците и алкохолот се зголемува.
Трговски имиња Physiotens® (MK)
Наводи
Категорија:Лекови Категорија:Фенолни етри