Ленгеде () — слободна општина во округот Пајне, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 18 километри југозападно од Брауншвајг и 40 километри југоисточно од Хановер.

Во светот станала позната во 1963 година поради рударската несреќа и подоцнежната спасувачка операција на единаесет преживеани рудари, која подоцна била наречена „Чудо на Ленгеде“ (Wunder von Lengede).

Географија Местоположба

Местото се наоѓа 18 километри југозападно од Брауншвајг и скоро 44 километри југоисточно од Хановер. До окружниот град Пајне на север има околу 18 километри. Реката Фузе тече низ Ленгеде.

Соседни општини

Општината Ленгеде се граничи со следниве места: со општината Фехелде на североисток, со градот Залцгитер на југ, со општината Зелде на запад и со општината Илзеде на северозапад.

Општински единици

Општината е составена од следниве единици: Барбеке, Бројштет, Клајн Лаферде, Ленгеде и Волтвише.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Пајне (округ)