Кензабуро Ое (; - ) — јапонски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 1994 година.

Студирал во францускиот универзитет за книжевност во Токио. Дипломирал со своето дело Жан Пол Сартр во 1959 година. Почнал да пишува во 1957 година додека сè уште бил студент. Бил активен и во мировните и во еколошките проекти.

Кензабуро Ое е великан на современата јапонска книжевност. Неговите дела биле со политички, општествен и филозофски карактер, како на пример јадреното оружје, неслогите во општеството и егзистенцијализмот. Во романот „Едноставен живот“ од 1990 година пишувал за хендикепираните деца во семејството.

Животопис Кензабуро Ое е роден во Осе, село во Јапонија, кое денес се наоѓа во префектурата Утико, на островот Шикоку. Бил трето од седумте деца. Неговата баба го учела уметност. Баба му умрела во 1944 година, а истата година подоцна умрел и татко му, како жртва на Втората светска војна. Неговата мајка му купувала книги, меѓу кои Авантурите на Хаклбери Фин и Прекрасното патување на Нилс Холгерсон, чие влијание, како што изјавил самиот Ое, „ќе го носи до гроб“.

Ое се сеќавал на неговиот учител во основно училиште, кој тврдел дека царот Хирохито бил жив бог, и го прашувал Ое секое утро: „Што би направил ако императорот ти нареди да умреш? Ое секогаш одговарал дека ќе умре, ќе си го исече стомакот и ќе умре, иако навечер пред спиење се срамел што се плаши да умре. По војната, сфатил дека на училиште учел многу лажни работи, и се чувствувал предаден. Ова чувство дека е предаден подоцна се појавувало во неговите текстови.

Средно училиште учел во Мацујама. На осумнаесетгодишна возраст, за првпат заминал за Токио, а од наредната година ги започнал студиите по француска литература на Токискиот униврзитет. Ое почнал да објавува раскази во 1957 година, уште додека бил студент, и бил под силно влијание на современата литература објавувана во Франција и САД.

Во 1961 година во јапонско литературно списание биле објавени расказите на Ое Седумнаесет и Смртта на политичката младина. И двата текста биле иснпирирани од седумнаесетгодишниот Јамагучи Отоја, кој извршил атентат врз водачот на Јапонската социјалистичка партија во 1960 година, а три недели подоцна се самоубил во затвор. Јамагучи бил омилен меѓу членовите на екстремната десница, а на кои не им се допаднала Смртта на политичката младина, па поради тоа, Ое и списанието секојдневно со недели добивале смртни закани. Потоа списанието се извинило на читателите, но расказот никогаш повторно не бил објавуван ниту преведен на друг јазик.

Во 1994 година Ое ја добил Нобеловата награда за литература и бил назначен да го добие јапонскиот орден за култура. Тој одбил да го прими орденот кој го доделува царот на Јапонија, велејќи дека не признава авторитет или вредност повисока од демократијата. Поради ова, повторно добивал закани. thumb|Ое во 2013 година на антијадрени демонстрации во Токио Во 2005 година, двајца јапонски воени офицери го тужеле Ое за клевета поради неговиот есеј од 1970 година со наслов Белешки за Окинава, во кој зборува дека членови на јапонската војска го принудувале народот во Окинава да изврши самоубиство за време на Битката за Окинава во 1945 година. Во март 2008 година, судот во Осака ги отфрлил сите тужби против Ое, при што судијата изјавил дека војската спроведувала масовни самоубиства.Onishi, Norimitsu. "Japanese Court Rejects Defamation Lawsuit Against Nobel Laureate," New York Times, 29 март 2008.

Кензабуро Ое учествувал во мировни и антијадрени демонстрации, а напишал и книги во врска со атомското бомбардирање на Хирошима и Нагасаки и хибакуша. По настаните во 2011 година и јадрената катастрофа во Фукушима, Ое го советувал премиерот Јошихико Нода да ги запре плановите за повторно активирање на атомските централи и да ја забрани јадрената енергија. Тој изјавувал дека Јапонија може да доживее нова јадрена катастрофа ако атомските централи продолжат со работа. Mainichi Daily News, September 15, 2013, "Some 8,000 March in Tokyo Against Restart of Any Nuclear Power Plants" Ое исто така го критикувал движењето кое барало да се измени членот 9 од Уставот на Јапонија, кој засекогаш се откажува од војната. Asahi Shumbun, 18 May 2013, "Writer Oe calls for stopping moves to revise Constitution"

Приватен живот Се оженил во 1960 година со Јукари, која била ќерка на филмскиот режисер Мансаку Итами и сестра на Јузо Итами. Таа година на патување низ Кина, Кензабуро Ое се сретнал со Мао Це Тунг. Тој исто така патувал низ Русија и Европа, а во Париз се сретнал со Жан Пол Сартр.Kenzaburo Oe, The Art of Fiction No. 195 The Paris Review Ое живее во Токио, и има три деца.

Надворешни врски Биографија на страницата за Нобелова награда Страница за лауреат

Наводи

Категорија:Јапонски писатели Категорија:Добитници на Нобеловата награда за литература Категорија:Носители на Легијата на честа Категорија:Јапонски нобеловци Категорија:Егзистенцијалисти