Маерово зајачко уво (науч. Bupleurum mayeri) — локален македонски флористички ендемит од планината Галичица, од семејството Штитоцветни, опишан од академик Кирил Мицевски.Bupleurum mayeri Micevski

Опис Едногодишно голо растение, 5-8 (10) cm високо. Стеблото четириаглесто, речиси неразгрането или страничните гранчиња многу куси, прилегнати кон стеблото, многу покуси од листовите во чии пазуви се развиле. Ниско растение, 5-8-10цм високо, целото со црвеникави и речиси приседнати штитчиња во пазувите на листовите, а штитчињата со 1-3 цвета Листови Листовите црвеникави, линејни од линејно-копјести, 20–25 mm долги, 2 mm широки, со 3 жили (во основата со 5), на врвот заострени, по работ многу ситно напилени, во основата приседнати и со својата оснва го обвиваат стеблото. Штитовите во пазувите на листовите речиси приседнати, а терминалните со малку подолги дршки. Терминалните штитови со 2-3 штитчиња кои се со дршки со различна должина, а страничните штитови со 1-2 штитчиња. Прицветниците 3, копјести, со 3 жили, црвеникави. Штитчињата со 1-3 цвета; прицветничињата 3 или 5, копјести, на врвот запилени, црвеникави, долги колку плодовите или малку подолги од нив. Венечните ливчиња розеникави. Плод Плодот долгнавест, а секое надолжно ребро завршува со тесно крилце.Micevski, Razprave IV Razreda Slov. Akad. Znan. Umet. 31 (12):181 (1990) Екологија На варовничките камењари, околу 1.600 м.

Распространетост Познат само за планината Галичица.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Ендемска флора на Галичица Категорија:Штитоцветни