Пертузумаб е моноклонално антитело кое се користи со трастузумаб и доцетаксел за третман на метастатски HER2-позитивен рак на дојка; исто така се користи во истата комбинација како неоадјувант во ран HER2-позитивен рак на дојка.
Несаканите ефекти кај повеќе од половина од пациентите кои го примаат лекот вклучуваат дијареа, губиток на коса, и намален број на наутрофили; кај повеќе од 10% има намлен број на еритроцити, хиперсензитивност или алергиска реакција, реакција на инфузија, намален апетит, инсомнија, нарушување во сетилото за вкус, воспаление на устата, констипација, осип, и мускулна болка. Бремени жени или жени кои планираат бременост не би требало да го користат лекот. Не е познато дали пертузумабот стапува во интеракција со доксорубицинот.
Категорија:Моноклонални антитела