Никола Којо (Белград, 5 септември 1967) — српски глумец и режисер како и ТВ водител на квизот Најслабата алка.

Биографија Името Никола го добил од својот прадедо, кој бил свештено лице во Мостар. Којо на своите 13 години првпат дебитирал во филмот „Работа на одредено време“ во улога на момчето Иван. Во осумдесеттите години имал значајна улога во филмот „Игмански марш“ (1983), ТВ серијата „Сив дом“ (1984), како и една од главните улоги во трите продолженија на „Жикина династија“, улогата во филимскиот серијал „Луди години“ го направила еден од најуспешните млади глумци во тогашната Југославија.

Во 1992 година тој одиграл главна улога во филмот на Срѓан Драгојевиќ ,,Ние не сме ангели", по кој ќе биде запамтен. Иако сето тоа му донело голема медиумска популарност, продолжил да гради успешна кариера преку сериозниот пристап кон секоја улога на филмот, а од театарот се повлекол на неодредено време.

Во брак е со Александа со која имаат ќерка Ана (2008) и две близначки (2013). Во 2013 и 2014 година Никола ја водел серијата „Шоу на сите времиња“, која се емитувала на РТС.

Бил режисер на филмот „Стадо“.Никола Којо: Радимо за храну и рачуне (Б92, 11. јул 2016)

Награди и признанија Гран-при за главната улога на мајор Станковиќ во Четвртиот човек во 2008 година Награда на фестивалот во Сопот, за улогата во филмот Четвртиот човек во 2008 година. година Награда за најдобар глумец на Одборот на филмски фестивал во филмот Механизам 2001 година. година Награда на филмски фестивал во Санкт Петербург за улогата во филмот Работа на одредено време, 1980 година

Наводи

Надворешни врски

Биографија

Категорија:Луѓе од Белград Категорија:Родени во 1967 година Категорија:Српски глумци Категорија:Живи луѓе