Амстердам () — главен и воедно најголем град во Холандија. Статусот на градот како главен град на државата утврден во уставот. Градот Амстердам има население од 921,402 жители, урбана население од 1,457,018 жители, додека на територијата на областа Амстердам живеат 2,480,394 жители. Градот се наоѓа во покраината Северна Холандија. Тој го опфаќа северниот дел од Рандстанд – една од најголемите општини (кантони) во Европа која има население од околу 7 милиони жители.
Името Амстердам е изведено од (Amstelerdamme), што зборува нешто повеќе за потеклото на градот – тоа е брана на реката Амстел. Населен како мало рибарско село кон крајот на 12 век, градот Амстердам станал едно од најважните пристаништа во светот за време на холандскиот златен век, што се должи на холандскиот иновативен развој на трговијата.Cambridge.org , Capitals of Capital -A History of International Financial Centres – 1780–2005, Youssef Cassis, Во тој период, градот претставувал водечки финансиски центар и центар за трговијата со дијаманти. Во 19 и 20 век градот се проширил, при што се создадени голем број нови населби и предградија.Shorto, Russell. Amsterdam: A History of the World's Most Liberal City. New York: Vintage Books 2014. Каналите во Амстердам кои потекнуваат од XVII век и кои се наоѓаат во срцето на градот, се заштитени како Светско наследство од страна на УНЕСКО во јули 2010 година.
Берзата на Амстердам, основана во 1602 година, се смета за најстарата „соврермена“ берза на пазарот на хартии од вредност во светотAfter Athens in 1888 and Florence in 1986, Amsterdam was in 1986 chosen as the European Capital of Culture, confirming its eminent position in Europe and the Netherlands. See EC.europa.eu for an overview of the European cities and capitals of culture over the years. . Како комерцијален главен град на Холандија и еден од врвните финансиски центри во Европа, Амстердам се смета за алфа светски град. Градот е културен главен град на Холандија. Многу големи холандски институции имаат свое седиште во градотForbes.com , Forbes Global 2000 Largest Companies – Dutch rankings.. Многу од најголемите светски компании се базирани овде или имаат основано своето европско седиште во градот, како што се технолошките компании Uber, Netflix и Tesla. Во 2022 година, Амстердам бил рангиран како деветти најдобар град за живеење од страна на Economist Intelligence Unit и 12-ти по квалитет на живеење за животна средина и инфраструктура од страна на Mercer. Градот бил рангиран на 4-то место на глобално ниво како врвен технолошки центар во 2019 година. Амстердамското пристаниште е петто по големина во Европа. Центарот KLM и главниот аеродром во Амстердам, Шипхол, е најпрометниот аеродром во Холандија, трет во Европа и 11-ти во светот. Холандскиот главен град е еден од најмултикултурните градови во светот, со околу 180 застапени националности . Имиграцијата и етничката сегрегација во Амстердам е актуелно прашањеMusterd, Sako. "Immigration and ethnic segregation in the Netherlands with a special focus on Amsterdam." Ethnic Minorities and Inter-Ethnic Relations in Context. Routledge, 2017. 287–303.
Главните знаменитости и атракции на Амстердам како што се: историските канали, Државниот музеј (Rijksmuseum), Музејот на Ван Гог, куќата на Ана Франк, музејот за културно наследство, музејот Амстердам, подрачјето на црвени фенери, како и бројните кафетерии каде се консумира канабис, годишно привлекуваат повеќе од 3,66 милиони туристи. Сепак, новиот закон би можел да ја намали познатата толерантна граница за дрога и со тоа да го намали бројот на странци кои доаѓаат да купат марихуана.
Историја
Првите евидентирани податоци за употребата на името „Амстердам“ потекнуваат од потврда која датира од 27 октомври 1275 година. Тогаш, жителите кои изградиле мост и брана на реката Амстел биле ослободени од плаќање мостарина од страна на грофот Флорис V, p. 55.. Во таа потврда жителите се опишани како луѓе кои живеат во близина на браната на реката Амстел. До 1327 година името преминало во Амстердам.. Амстердам е релативно нов во споредба со многу постарите градови во Холандија како што се Најмеген, Ротердам и Утрехт. Во октомври 2008 година, историчарот Крис де Бонт изјавил дека земјиштето околу денешен Амстердам било обработувано уште кон крајот на X век. Но, тоа не мора да значи дека на тоа место имало населби со луѓе, бидејќи можно е земјиштето да било користено за производство на тресет со цел да се употреби како гориво.
Се смета дека на Амстердам му биле доделени права на град или во 1300 или во 1306 година. Од XIV век наваму, Амстердам го доживеал својот расцут, најмногу како резултат на трговијата со народите од сојузот со Ханза. Во 1345 година, по појавување на наводното Еухаристично чудо на улицата Калверстрат, градот бил прогласен за важно место за поклонение сè до прифаќањето на протестанстската вераCharles Caspers & Peter Jan Margry, Het Mirakel van Amsterdam. Biografie van een betwiste devotie (Amsterdam: Prometheus, 2017) pp. 59–60.. Ритуалната поворка на луѓе во цивилна облека „Стиле Омганг“ денеска претставува остаток од некогашната богата историја на поклонението.
Во XVI век Холанѓаните се кренале бунт против шпанскиот крал Филип II и неговите следбеници. Главната причина за бунтот биле воведувањето на нови даноци, како и религиозното прогонство на протестантите од страна на шпанските инквизитори. Револтот прераснал во осумдесет годишна војна која резултирала со независност на Холандија. Холандија станала позната по големата религиозна толеранција која била наметната од страна на водачот на холандската буна Вилем Молчеливиот. Голем број Евреи од Пиринејскиот Полуостров, протестанти од Франција, бројни трговци и печатари од Фламанскиот дел, како и голем број економски и верски бегалци од деловите кои биле контролирани од Шпанија, нашле прибежиште во Амстердам. Приливот на печатари и интелектуалната толеранција во градот направиле Амстердам да стане центар на Европскиот слободен печат..A case in point is that after his trial and sentencing in Rome in 1633, Galileo chose Lodewijk Elzevir in Amsterdam to publish one of his finest works, Two New Sciences. See Wade Rowland (2003), Galileo's Mistake, A new look at the epic confrontation between Galileo and the Church, New York: Arcade Publishing, , p. 260.
Географија
Амстердам е дел од покраината Северна Холандија и се наоѓа во западниот дел на Холандија, во близина на областите Утрехт и Флеволанд. Реката Амстел минува низ центарот на градот и е поврзана со голем број канали кои на крајот завршуваат во заливот познат како IJ. Амстердам е два метри под нивото на морето. Земјиштето кое го опкружува е рамно и се состои од големи полдери (земјиште составено од песок или друг материјал кој е опколен со вода). Југозападно од градот се наоѓа вештачка шума наречена Амстердамсе Бос Amsterdamse Bos. Амстердам е поврзан со Северното Море преку долг канал.
Градот Амстердам, како и општината со исто име се густо населени и урбанизирани. На површина од 219,4 км2, во градот живеат 4,457 жители на еден километар квадратен, а бројот на куќите на еден километар квадратен изнесува 2,275. Парковите и природните резервати зафаќаат 12% од површината на Амстердам.
Клима
Амстерам има океанска клима, како резултат на близината на Северното Море на запад и преовладувачките западни ветрови. Амстердам и поголемиот дел од покраината Северна Холандија спаѓаат во климатската зона 8б, што и воедно е најсеверна климатска зона во делот на Европа каде има континентална клима. До појава на мраз доаѓа единствено доколку дуваат ветрови од источни или североисточни ветрови од внатрешноста на Европа. Дури и во тој случај, температурата ноќе ретко паѓа под 5 степени целзиусови, додека во Хилверсум, кој се наоѓа 25 километри југоисточно, температурата може да падне и до -12 степени целзиусови. Летата се умерено топли, и многу ретко се случува да бидат претопли. Дневните температури во просек се движат од 22,1 до 30 степени целзиусови, при што Амстердам спаѓа во топлотната зона 2. Најголемите разлики во температурата изнесуваат од -19 до +36,8 степени целзиусови.
Во Амстердам има околу 187 врнежливи денови во текот на една година. Годишното ниво на врнежи во Амстердам изнесува 915 милиметри кубни на метар квадратен. Поголемиот дел од врнежите паѓа во вид на лесен дожд или кратки но силни врнежи. Облачните денови се честа гледка во периодот од октомври до март.
Демографија
Историски податоци
Амстердам има 921,402 жители жители. На 1 јануари 2011 година, етничкиот состав во Амстердам изнесувал 49,7% холандско население и 50, 3% странци. Во 16-от и 17 од век имигрантите биле Фламанци, Евреи Сефарди, Вестфалијци и Хугеноти. Хугенотите дошле по указот од Фонтенбло, во 1685 година, додека Фламанските протестанти дошле за време на осумдесетгодишната војна. Вестфалијанците дошле во Амстердам највеќе од економски причини, а нивниот прилив продолжил и во 18-от и XIX век. Пред почетокот на Втората светска војна 10% од населението било еврејско.
Првата масовна имиграција во XX век била изведена од луѓе од Индонезија, кои дошле во Амстердам по осамостојувањето на холандските Источни Инди во 1940-те и 50-те години. Во 1960-те години гастарбајтери од Турција, Мароко, Италија и Шпанија емигрирале во Амстердам. По осамостојувањето на Суринам, голем број Суринамци дошле во Амстердам и се сместиле во Бајмар областа. Други имигранти, во кои спаѓаат и бегалци-азиланти и нелегални имигранти доаѓаат од Европа, Америка, Азија и Африка. Во 1970-те и 80-те години, голем број од „старите „Холанѓани“ се преселиле во нови градови како Алмер и Пурмеренд, поттикнати од третата планолошка сметка на холандската влада. Со тоа се промовирала субурбанизацијата и се овозможува развој на гроеикернен или буквално јадрото на растот. Млади професионалци и уметници се населиле во населбите де Пајп и Јордан кои овие Амстердамци ги напуштиле. Незападните имигранти се населиле во социјалните станбени проекти во западниот дел на Амстердам и Биијлмер. Денес луѓето кои немаат западно потекло сочинуваат околу една третина од населението во Амстердам, од кои 50% се деца.
Најголемата религиска група е христијанската (28% во 2000 година), кои се делат на Римокатолици и Протестанти. + Residents of Amsterdam with a recent migration background, by country of birth of parent (mother – or if mother is Dutch – father) (2024) Земја или територија Население 79,157 62,132 46,814 23,242 21,179 17,028 14,696 14,427 13,857 (поранешен) 12,849 Холандски Антили и Аруба 12,201 11,972 11,0229,4289,330Others 165,629Total 524,963
Следната религија по број е исламот (8%), чии поголем дел од следбениците се сунити. Во 1578 година претходно римокатоличкиот град Амстердам се приклучил на бунтот против Шпанското владеење, што е прилично доцна во споредба со другите поголеми северни градови во Холандија. Во согласност со протестантската процедура за тоа време, сите цркви биле преобратени во протестантски. Калвинизмот станал доминантна религија и иако католицизмот не бил забранет, а на свештениците им било дозволено да држат миси, сепак била забранете католичката хиерархија. Ова довело до формирање на (schuilkerken), тајни цркви кои се наоѓале зад навидум обичната предна страна на куќите до каналите. Таков пример е моменталниот предмет на дебата – Роде Хоед.
Во XVII век во Амстердам дошло до голем прилив на доселеници од сите религии, а особено евреи од Шпанија и Португалија, Хугеноти од Франција и протестанти од јужните делови на Холандија. Тоа довело до формирање на голем број цркви во кои не се вршеле служби на холандски јазик. Во 1603 година било направено првото известување од страна на еврејската верска служба. Во 1639 била осветена првата синагога.. Евреите почнале да го викаат градот Ерусалим на Западот поради нивното чувство на припадност.