Балкана или Туристички рекреативен центар Балкана е заедничко име за две мали езера во Република Српска, а воедно и познат локален туристичко-рекреативен центар. Балкана се наоѓа на 4 или 5 км од Мркоњиќ Град, а покрај центарот поминува магистралниот пат Јајце - Бихаќ.
Особености Езерскиот дел од комплексот го составуваат две овални езера со вкупна површина од 56.000 метри квадратни. Езерата се изградени во 1970-те години. Езерата се снабдуваат со вода од подземни извори и околни потоци на планината Цјепало и Скакавац. Езерата имаат една река, која пак се влева во Врбас.
Во јули и август во малото езеро температурата на водата е 20 степени и се совпаѓа со периодот за рекреативно пливање. Во зимските периоди површината на езерото е заледена. Големото езеро е погато во воден свет, особено амур и пастрмка.
Галерија
Поврзано Република Српска
Литература
Категорија:Вештачки езера Категорија:Езера во Република Српска