Виктор Анатолијович Скрипник (; роден на 19 ноември 1969) — украински фудбалски тренер и поранешен играч од одбраната.
Играчка кариера Клупска кариера Како играч, во својата кариера Скрипник играл за три клубови и тоа Днипро (во два наврати 1986-1989 и 1994-1996), Металург Запорожје во својата родна Украина и германскиот Вердер Бремен. Својте најголеми успеси во кариерата ги доживеал во дресот на Вердер Бремен со кој ги освоил Бундеслигата во сезоната 2003-2004 и Купот на Германија во сезоните 1998-1999 и 2003-2004. Веднаш по завршувањето на сезоната 2003-2004 во која со Вердер ја освоил двојната круна, Скрипник објавил крај на својата кариера.
Репрезентативна кариера Скрипник дебитирал за украинската репрезентација во 1994 година во натпревар против Литванија. Тој одиграл 24 натпревари за својата репрезентација во периодот 1994–2003 и постигнал два гола.
Тренерска кариера Во јуни 2013, Скрипник бил назначен за тренер на Вердер Бремен II. По успешната работа во вториот тим, во октомври 2014 бил назаначен за тренер на првиот тим на Вердер, откако тренерот Робин Дут добил отказ неколку дена порано. На 18 септември 2016, Скрипник добил отказ на функцијата главен тренер на Вердер Бремен, заедно со својот помошник Торстен Фрингс.
Тренерска кариера
Екипа Од До Успешност 18 јуни 2013 25 октомври 2014 25 октомври 2014 18 септември 2016 Вкупно—
Титули Вердер Бремен Бундеслига (1) : 2003-2004 Куп на Германија (1) : 1998–1999, 2003–2004
Надворешни врски
Виктор Скрипник на soccerway Виктор Скрипник на transfermarkt Виктор Скрипник на espn Виктор Скрипник на whosocred
Категорија:Живи луѓе Категорија:Украински фудбалери Категорија:Украински фудбалски тренери Категорија:Фудбалери на ФК Днипро Категорија:Фудбалери на ФК Вердер Бремен Категорија:Родени во 1969 година