Христо Калајџиев бил раководен деец на македонското револуционерно движење и на БКП. Во 1919 година бил член на БКП задолжен да дејствува меѓу македонската прогресивна емиграција и македонското население во Пиринскиот дел на Македонија. Бил апсен, затворан, и интерниран во концентрациони логори. Постоењето на македонската нација го сметал за факт, а тоа се гледа и од Апелот до Македонците во Бугарија, чиј потписник е заедно со други видни револуционери и дејци како: Павел Шатев, Туше Делииванов, Петар Шанданов, Ангел Динев, Михаил Герџиков и др. мини|Септември, 1944 година Апел до Македонците во Бугарија. Еден од потписниците е и Христо Калајџиев. По Резолуцијата на Информбирото (1948) наполно се солидаризира со големодржавната политика на БКП.

Надворешни врски Христо Калајџиев, „За нацијата и националното прашање“, Македонска мисъл кн. 9-10, год. 2, 1946 - Софија.

Категорија:Бугарски политичари од Македонија Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Членови на Македонскиот научен институт Категорија:Починати во Софија Категорија:Интернирани во „Крсто Поле“ Категорија:Дејци на Велешкото благотворително братство