Михајло Ломоносов (, озн. МВЛ-300) — астрономски сателит Московскиот државен универзитет, наречен по научникот Михаил Ломоносов (1711 - 1765).

Задача Сателитот има за задача да набљудува гама-изблици, високоенергетски космички зраци и минливи појави во горната атмосфера на Земјата.

Пуштање Мисијата била првично предвидена за 2011 г. по повод тристагодишнината од раѓањето на Ломоносов. По неколкукратно одложување, леталото е конечно пуштено на 28 април 2016 г. од космодромот „Восточни“ со ракетата Сојуз 2.1а.

Научни инструменти Леталото е опремено со седум научни инструменти: Орбитален пронаоѓач (ТУС) — наменет за мерење на флуоресцентната светлина која ја зрачат широките воздушни опсипувања на ултрависокоенергетски космички зраци во Земјианта амотсфера како и изучување на минливите појави во ултравиолетов опсег; Блок за пронаоѓање на рендгенско и гама-зрачење (БДРГ) — наменет за пронаоѓање нагледување на гама-изблици и давање на сигнал за камерите на ШОК (подолу); Ултрабрза болскотна опсерваторија (УФФО) — се состои од рендгенски и ултравиолетов телескоп (10 см) за изучување на гама-изблици; Оптички камери со супершироко видно поле (ШОК) — пар широковидни оптички камери за забележување на оптичкото зрачење на гама-изблиците по примениот сигнал од БДРГ; Дозиметар за електрони, протони и неутрони (ДЕПРОН) — мери впиени дози и спектри на електрони, протони, неутрони и тешки јадра; Иследувач на електронска загуба и полиња (ЕЛФИН-Л) — се состои од пронаоѓач на енергетски честички (ЕПДЕ), друг за јони (ЕПДИ) и магнетомер со порта за тек (ФГМ). Има задача да ги изучува енергетските честички во Земјината атмосфера; ИМИСС-1 — уред за успробување на микроелектромеханички инерцијални модули;

Наводи

Надворешни врски Вселенско летало „Ломоносов“ — ВНИИЕМ „Михајло Ломоносов“ — Russianspaceweb.com

Категорија:Вселенски телескопи Категорија:Руски сателити Категорија:Вселенски летала пуштени во 2016 година