Сојузни во Првата светска војна или Сили на Антанта — земјите кои се спротиствиле на Централните сили во Првата светска војна.Мира Радојевиќ, Љубодраг Димиќ, Србија у Великом рати 1914 -1918, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2018, стр. 133 - 136.
Членови на првобитната Тројна Антанта од 1907 година биле Француската Република, Британското Царство и Руското Царство. Италија се повлекла од сојузот со Централните сили, тврдејќи дека Германија и Австроунгарија ја започнале војната без претходна консултација со сите сојузници и дека алијансата била само дефанзивна. Таа влегла во војната на страната на Антантата во 1915 година. Јапонија била уште еден важен член на сојузот. Белгија, Србија, Грција, Црна Гора и РоманијаKarel Schelle, The First World War and the Paris Peace Agreement, GRIN Verlag, 2009, p. 24 исто така биле членови на Антантата.
Договорот од Севр од 1920 година ги дефинирал главните сојузнички сили: Француска Република, Британското Царство, Италија и Јапонија. Сојузничките сили, освен главните сојузнички сили, биле: Ерменија, Белгија, Грција, Хеџаз, Полска, Португалија, Романија, СХС и Чехословачка.
Американското објавување на војна на Германија на 6 април 1917 година било поради прекршувањето на својата неутралност преку напаѓање на меѓународните бродови и Цимермановата телеграма испратена на Мексико. САД објавил војна на Австроунгарија во декември 1917 годинаDeclarations of War and Authorizations for the Use of Military Force: Historical Background and Legal Implications H.J.Res.169: Declaration of War with Austria-Hungary, WWI, United States Senate. САД влегле во војната како „придружна сила“, а не како формален сојузник на Франција и Обединетото Кралство, со цел да се избегне „странско мешање“ во војнатаTucker&Roberts pp. 1232, 1264. Иако Отоманското Царство и Бугарија ги прекинале односите со САД, тие не си објавиле војна еден на другTucker&Roberts p. 1559.
Доминионите и Крунисните колонии на Британија дале голем придонес за воените напори на сојузничките, но немале независни надворешни политики во Првата светска војна со Британскиот воен кабинет кој вршел оперативна контрола на силите на царството. Владите на Доминионите го контролирале регрутирањето. Од почетокот на 1917 година, Воениот кабинет бил заменет со царскиот кабинет, каде што имале застапеност Доминионите.
Наводи
Категорија:Воени сојузи Категорија:Поранешни држави во Европа Категорија:Последици од Првата светска војна Категорија:Прва светска војна по земја