Хепатит Ц — инфекција што, пред сè, делува врз црниот дроб. Оваа болест ја предизвикува вирусот на хепатит Ц (ХЦВ, на анг. HCV). Хепатит Ц често нема симптоми, но хроничната инфекција може да остави лузна на црниот дроб и по многу години да доведе до цироза. Во некои случаи, болните од цироза имаат и маана на црн дроб, рак на црн дроб или силно отечени вени на хранопроводникот и стомакот, што може да резултира со искрварување до смрт.
Луѓето од хепатит Ц се разболуваат, главно, преку контакт со крв од интравенска употреба на дрога, нестерилна медицинска опрема и трансфузии на крв. Се проценува дека 130–170 милиони луѓе во светот имаат хепатит Ц. Научниците почнаа да го истражуваат ХЦВ во 70-те години од 20. век, а во 1989 година потврдија дека постои. Не е познато дали предизвикува болест кај други животни.
Пегинтерферон и рибавирин се стандардните лекови за ХЦВ. Помеѓу 50-80 отсто од лекуваните успеваат да се излечат. Кај оние кај кои ќе се развие цироза или рак на црниот дроб можно е да треба да се направи пресадување на црн дроб, но вирусот обично се враќа по пресадувањето. За хепатит Ц нема вакцина.
Знаци и симптоми
Хепатит Ц предизвикува акутни симптоми кај само 15 отсто од случаите. Често, симптомите се благи и неодредени, вклучувајќи намален апетит, умор, мачнина, болка во мускулите или зглобовите и губење тежина. Само некои од случаите со акутна инфекција се поврзуваат со жолтица. Инфекцијата поминува без лекување кај 10-15 отсто од луѓето, а кај младите жени тоа се случува уште почесто.
Хронична инфекција Kaj oсумдесет отсто од оние што се изложени на вирусот се развива хронична инфекција. Повеќето луѓе искусуваат минимални или воопшто не искусуваат симптоми во првите децении од инфицирањето, иако хроничниот хепатит Ц се поврзува со умор. Хепатит Ц е главен причинител за цироза и рак на црниот дроб кај оние што биле инфицирани многу години. Кај 10–30% од инфицираните луѓе постари од 30 години се развива цироза. Цирозата е позачестена кај оние со хепатит Б или ХИВ, алкохоличарите и кај мажите. Кај оние што заболуваат од цироза има дваесеткратно поголем ризик за рак на црниот дроб, што е годишна стапка од 1-3%. Кај алкохоличарите, ризикот е стократно зголемен. Хепатит Ц е причинител на 27 отсто од случаите со цироза и 25 отсто од случаите со рак на црниот дроб.
Цирозата на црниот дроб може да води до висок крвен притисок во вените што се поврзани со црниот дроб, насобирање на течност во абдоменот, лесни модринки или крварење, зголемени вени, особено во стомакот и езофагусот, жолтица (пожолтување на кожата) и оштетување на мозокот.
Ефекти вон црниот дроб Хепатит Ц ретко се поврзува со Шогренов синдром (автоимуно нарушување), пониско ниво на тромбоцити, хронична болест на кожата, дијабетес и нехоџкинсов лимфом.
Причина thumb|upright=1.4|Случаи на хепатит Ц инфекции во САД според изворот на пренесување Вирусот на хепатит Ц е мал, капсулиран РНК вирус со една верига и со позитивна поларност. Тој е дел од родотhepacivirus во фамилијата Flaviviridae. Има седум главни генотипи на ХЦВ. Во Соединетите Американси Држави, генотипот 1 предизвикува 70% од случаите, генотипот 2 предизвикува 20%, а секој од другите генотипи предизвикува по 1%. Генотипот 1 е најчест во Јужна Америка и Европа.
Пренесување
Главен метод за пренесување во развиениот свет е преку интравенска употреба на дрога (ИУД, на анг. IDU). Во светот во развој, главни методи се трансфузии и несигурни здравствени процедури Причината за пренесување е непозната во 20 отсто од случаите; но најверојатно голем дел од нив се должат на ИУД.
Интравенска употреба на дрога ИУД е главен ризик-фактор за хепатит Ц во многу делови на светот. Прегледот на 77 земји покажува дека 25 имаат стапка на хепатит Ц од 60 до 80 отсто кај корисниците на интравенски дроги, а тука спаѓаат и САД и Кина. Во 12 земји стапките се поголеми од 80 отсто. Инфицирани со хепатит Ц се дури десет милиони корисници на интравенска дрога; Кина (1,6 милиони), САД (1,5 милиони) и Русија (1,3 милиони) имаат повисок вкупен број на заболени. Стапките за случаи на хепатит Ц кај затворениците во САД се десет до дваесет пати повеќе од оние кај граѓаните на слобода, факт што студиите го припишуваат на високоризично однесување како ИУД или тетовирање со нестерилна опрема.
Здравствена изложеност Трансфузиите, крвните производи и трансплантираните органи без проверка за ХЦВ создаваат значителен ризик за инфекција. САД воспоставија универзална проверка во 1992 година. Оттогаш стапката на инфицираност се смали од износот еден на 200 по единици крв, до еден на 10.000 до 10.000.000 по единици крв. Овој мал ризик и натаму останува, бидејќи има период од околу 11-70 денови помеѓу тоа, потенцијалниот дарител на крв да добие хепатит Ц и неговата крв да биде позитивна на тестот. Во некои земји уште не се прави проверка за хепатит Ц поради трошокот за тоа.
Лицето што има повреда од игла од лице со ХЦВ, има 1,8% шанси да заболи од болеста. Ризикот е поголем ако иглата е шуплива и раната од пробивањето е длабока. Постои ризик од изложеност на слузница на крв, но тој ризик е мал и воопшто не постои кога изложеноста на крв се случува кај неоштетена кожа.
Болничката опрема може да пренесе хепатит Ц преку: повторна употреба на игли и шприцови, епрувети за повеќекратна употреба, кеси за инфузија и нестерилизрана хируршка опрема. Лошите стандарди во здравствените и стоматошлошки објекти се главна причина за ширење на ХЦВ во Египет, земјата со најголема стапка на инфицираност во светот.
Полов однос Не е познато дали хепатит Ц може да се пренесе преку секс. Постои поврзаност помеѓу високоризичното сексуално однесување и хепатит Ц, но не е јасно дали пренесувањето на болеста се должи на употребата на дрога, што не била спомната, или пак, на самиот секс. Доказите потврдуваат дека не постои ризик за хетеросексуалните парови што немаат секс со други луѓе. Сексуални активности со кои се повредува внатрешната обвивка на аналниот канал, како што е анална пенетрација, или пак, што се јавуваат кога постојат и сексуално преносливи инфекции, како ХИВ или генитално гноење, претставуваат ризик. Владата на Соединетите Американски Држави препорачува употреба на кондом само за да се спречи пренесувањето на хепатит Ц кај луѓето што имаат повеќе партнери.
Пирсинг Тетовирањето се поврзува со два до трипати зголемен ризик од хепатит Ц. Тоа може да се должи на нестерилизирана опрема или контаминација на боите што се користат. Тетоважите или пирсинзите што се правеле пред средината на 80-те години од 20. век од непрофесионалци особено загрижуваат, затоа што стерилните техники во таа средина била скромни. Ризикот е поголем кај поголемите тетоважи. Речиси половина од затворениците делат нестерилна опрема за тетовирање. Ретко се случува тетоважите во лиценциран салон да се поврзуваат со инфекција со ХЦВ.
Контакт со крв Предметите за лична нега, како бричови, четки за заби и опрема за маникир и педикир, можат да дојдат во контакт со крв. Со нивно делење се ризикува изложеност на ХЦВ. Треба да се внимава со исеченици и рани или со друго крварење. ХЦВ не се шири преку вообичаен контакт, како што е гушкање, бакнување или заеднички прибор за јадење и готвење.
Пренесување од мајка на дете Пренесувањето хепатит Ц од инфицирана мајка на нејзиното дете се јавува кај помалку од 10% од случаите на бременост. Нема мерки со кои се менува овој ризик. Пренесувањето може да се јави за време на бременост и при пораѓањето. Долгото пораѓање се поврзува со зголемен ризик од пренесување. Нема докази дека доењето шири ХЦВ; меѓутоа, инфицираната мајка треба да избегнува доење ако пупките ѝ се испукани и раскрварени или постои голема вирусна инфекција.
Дијагноза
Дијагностичките тестови за хепатит Ц вклучуваат: антитело на ХЦВ, матрица ELISA, вестерн блотирање и квантитативна РНК на ХЦВ. Верижната реакција на полимераза (ВРП, на анг. PCR) може да открие РНК на ХЦВ една до две недели по инфекцијата, додека на антителата им треба повеќе време за да се обликуваат и да се откријат.
Хроничниот хепатит Ц е инфекција со вирус на хепатит Ц што е отпорен повеќе од шест месеци, според присуството на неговата РНК. Поради тоа што хроничните болести обично немаат симптоми со децении, клиничарите обично ги откриваат преку lтестови за функција на црниот дроб или за време на рутинска проверка кај луѓето со зголемен ризик. Тестот не знае да прави разлика помеѓу акутните и хроничните инфекции.
Тестирање на крв Тестирањето за хепатит Ц обично започнува со испитување крв за да се открие присуството на антитела на ХЦВ, преку ензимска имуно-матрица. Ако е позитивен овој тест, се прави уште еден тест за да се потврди имуно-матрицата и за да се одреди сериозноста. Со рекомбинантна имуно-блот матрица се потврдува имуно-матрицата, а со верижна реакција на полимераза во РНК на ХЦВ се одредува сериозноста. Ако нема РНК и имуно-блотот е позитивен, лицето претходно било заразено, но инфекцијата поминала со лекување или сама од себе, а ако имуно-блотот е негативен, имуно-матрицата е погрешна. Потребни се шест до осум недели по инфицирањето, пред тестовите за имуно-матрица да бидат позитивни.
Ензимите на црниот дроб се променливи на почетокот на инфекцијата; почнуваат да се качуваат, во просек, седум недели по инфекцијата. Ензимите на црниот дроб немаат голема поврзаност со сериозноста на болеста.
Биопсија Биопсиите на црниот дроб можат да го одредат степенот на оштетеност на црниот дроб, но постои ризик и од зафатот. Типичните промени што се откриваат со биопсија се лимфоцити во ткивото на црниот дроб, лимфоидни фоликули во порталната тријада и промени на жолчните канали. Достапни се повеќе испитувања за крв што можат да го откријат степенот на оштетеност и да ја отстранат потребата од биопсија.
Проверка Само 5–50% од инфицираните во САД и Канада се свесни за својот статус. Тестирањето се препорачува за луѓето во високоризична група, а тука спаѓаат и оние со тетоважи. Проверката е препорачлива кај луѓето со покачени ензими на црн дроб, затоа што најчесто ова е единствениот знак за хроничен хепатит. Рутинската проверка не е препорачана во Соединетите Американски Држави.
Спречување Од 2011 година не постои вакцина за хепатит Ц. Вакцините се во етапа на развој, а за некои има позитивни резултати. Со комбинирање на превентивни стратегии, како програми за менување игли и лекување на злоупотреба на дрога, се намалува ризикот од хепатит Ц кај корисниците на интравенски дроги и тоа за 75%. Проверката на крводарителите е важна на ниво на држава, а исто така и придржување на универзалните мерки на претпазливост во објектите за здравствена заштита. Во земји каде што има недоволна понуда на стерилни шприцови, лекарите треба орално да даваат лекови, а не со инјекција.
Лекување ХЦВ предизвикува хронична инфекција кај 50 - 80% од заразените лица. Околу 40-80% од овие случаи поминуваат со лекување. Во ретки случаи, инфекцијата може да помине и без лекување. Оние со хроничен хепатит Ц треба да избегнуваат алкохол и лекови што се токсични за црниот дроб, а треба и да се вакцинираат за хепатит A и хепатит Б. Оние со цироза треба да направат тестови на ултразвук за рак на црниот дроб.
Лекови