Галактичка рамнина — рамнина на која лежи највеќето маса на една галаксија. Нормалата низ нејзиното средиште ги опишува двата галактички пола. Поимите „рамнина“ и „пол“ почесто се користат за нашата галаксија, Млечниот Пат.

Некои галаксии се неправилни и немаат јасно изразен диск. Дури и во случаи на пречкеста спирална галаксија како Млчениот Пат, галактичката рамнина се определува со мала произволност и неуточнетост бидејќи ѕвездите не се совршено копланарни. Во 1959 г. Меѓународниот астрономски сојуз одредил дека Северниот Пол на Млечниот Пат лежи точно во рек. = , дек. = во тогашната епоха B1950; во денешната епоха J2000 за Северен Пол се смета рек. , дек. . Местото се наоѓа во соѕвездието Береникина Коса, близу сјајната ѕвезда Арктур; Јужниот Пол пак, е во соѕвездието Вајар.

Во 1959 г. е определена и нултата должина (меридијан) на галактичките координати како положбениот агол 123° од северниот небесен пол. Тогаш тој бил во , (B1950) или , (J2000), а денес по J2000 е положбениот агол 122,932°. Галактичкото средиште е сместен во положбениот агол 31,72° (B1950) или 31,40° (J2000) источно од северниот.

Поврзано Галактички координатен систем

Надворешни врски . See appendix for the numbers listed above.

Рамнина