Петнасетта крушевска македонска народноослободителна ударна бригада — бригада на НОБ во Македонија.д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. ​128-129

Историјат Бригадата била формирана на 9 септември 1944 година на месноста Гумења во Крушевско. Командант на оваа бригада бил Богоја Јоновски.

Бригадата била оформена со 400 борци и старешини, а дополнително на тоа имало и уште 300 доброволци.

Борбените дејствија на бригадата биле во регионот на Крушево и Прилеп. Во овие региони, заедно со Првата косовска ударна бригада, Втората македонска ударна бригада, 15 поречка ударна бригада и дел од бугарскиот гарнизон во Прилеп, воделе тешки битки со германските сили, кои пак навлегувале од Битола кон Прилеп.

Бригадата е расформирана кон крајот на септември 1944 година, а борците биле прераспределени во 41, 48 и 49 македонска дивизија.

Наводи

Поврзано НОВ

Категорија:Бригади на НОВМ