Алисон Рамзес Бекер (роден на 2 октомври 1992, во Ново Амбурго) — бразилски фудбалер, голман на и на бразилската репрезентација.
Животопис Алисон е помлад брат на Муриел Бекер кој е исто така фудбалски голман и во моментов настапува за португалскиот Белененсеш.
Кариера Клупска кариера На почетокот на јули 2016 година, Алисон официјално го комплетирал својот трансфер во Рома, екипа од италијанската Серија А. Своето деби за џалоросите го направил на 17 август 2016 година, започнувајќи како стартер меѓу стативите во ремито 1-1 на гостувањето против Порто во квалификациите за Лигата на шампионите. Најголемиот дел од својата прва сезона во Рим, Алисон го поминал на клупата за резерви бидејќи бил назначен за втор голман на клубот зад полјакот Војќех Шченсни.
Репрезентативна кариера Откако го претставувал Бразил во селекциите под 17 и под 20 години, Алисон бил повикан во сениорската репрезентација од селекторот Дунга за првите два квалификациски натпревари за Светското првенство 2018 против Чиле и Венецуела. Тој го направил своето деби на 13 октомври 2015, во победата со 3-1 над Венецуела во Форталеца.
Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статистика Статистиката е ажуриарана на 21 февруари 2018. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2013 Интернасионал ПД/РС+А 1+6 -1 + -7 КБ 2 -2 - - - - - - 9 -10 2014 ПД/РС+А 3+11 -2 + -14 КБ 0 -0 - - - - - - 14 -16 2015 ПД/РС+A 15+26 -12 + -23 КБ 4 -5 КЛ 12 -15 - - - 57 -55 2016 ПД/РС+А 17+1 -8 + -0 КБ 0 -0 КЛ - - - - - 18 -8Вкупно Интернасионал 36+44 -23 + -44 6 -7 12 -15 - - 98 -89 2016-2017 Рома А 0 -0 КИ 4 -5 ЛШ+ЛЕ 1Во плејофот.+10 -1 + -13 - - - 15 -19 2017-2018 А 28-23 КИ 0 -0 ЛШ 7 -8 - - - 33-29Вкупно Рома 28-23 4 -5 18 -22 - - 48-48Вкупно во кариерата 108-90 10 -12 30 -37 - - 146-137
Титули Клупски Интернационал Кампеонато Гаучо (4) : 2013, 2014, 2015, 2016
Наводи
Надворешни врски
Алисон Бекер на soccerway Алисон Бекер на transfermarkt Алисон Бекер на espn Алисон Бекер на goal.com Алисон Бекер на whoscored Алисон Бекер на tuttocalciatori.net
Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Интернасионал Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026