Наталиева рамонда (науч. Ramonda nathaliae) — терцијарен флористички реликт од тропската фамилија Gesneriaceae. Може да се сретне во Јужна Србија, Македонија и Северна Грција. Во Македонија се развива во клисурите на реката Вардар и притоките Треска, Пчиња, Тополка, Бабуна, Црна Река, што припаѓаат на егејскиот слив, како и на планините Скопска Црна Гора, Јакупица, Ниџе, Добра Вода и други. Се наоѓа на светската црвена список на загрозени растенија (IUCN 1997 Red List of Threatened Plants). Оваа билка е откриена во 1884 година во околината на Ниш од страна на д-р Сава Петровиќ, дворски лекар на кралот Милан Обреновиќ. Заедно со Јосиф Панчиќ ја опишал оваа врста и и го дал името по Наталија Обреновиќ.Чланак о -{Ramonda serbica}- у Блицу (28.03.2010), Посетено на 14. 4. 2013. Наталиевата рамонда се користи како ликовно решениее за амблемот кој се носи во седмицата пред Денот на примирјето во Првата свестка војна, 11 ноември и на самиот ден на празникот во Србија.Председништво: Дан примирја обележити видљиво и упечатљиво („Политика“, 8. новембар 2012), Посетено на 14. 4. 2013.Наталијина рамонда у част победе („Вечерње новости“, 7. новембар 2012), Посетено на 14. 4. 2013.
Наводи
Надворешни врски Special Nature Reserve "Jelašnička Gorge" Gardeners' World
Категорија:Gesneriaceae Категорија:Рамонда Категорија:Флора на Европа